fbpx

ВМРО-ДПМНЕ побара пауза, а СДСМ откажување од дискусиите „во интерес на реформите“

-

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, 40 минути откако почна собраниската седница на која на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, побара еден час пауза за, како што рече, „да видат како ќе ја тераат дискусијата понатаму“.

Тој побара да се разгледа и да се промени Законот за јавно обвинителство за да не случува секојпат кога ќе се промени владата, да се менува и јавниот обвинител иако не му е истечен мандатот.

– Ако сакаме Собранието да биде посериозна институција, пристапот треба да е поинаков. Не го спорам правото Владата да иницира ваква постапка за разрешување. Ниту една влада досега, а ниту оваа не успеа да испочитува крај на мандат на јавен обвинител. Веројатно треба да најдеме начин ние, како Собрание, да го решиме некако. Да ја запреме дискусијата и прво да разговараме за Законот за јавно обвинителство, па да разговараме за оваа точка. Прво да зборуваме за стандарди на постапка, па потоа за постапката – рече Илија Димовски.

На ова му реплицираше пратеникот од СДСМ, Бетаин Китев, кој побара пратениците да се откажат од расправа по оваа точка, да се премине на гласање за да не се запираат реформите што треба да се спроведат.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека разрешувањето на Зврлевски е првиот чекор во партизирањето на државната администрација што новата влада сака да го спроведе.

– Оваа инцијатива е единствено во согласност со изјавите на Заев дека кога ќе дојдат на власт, ќе сменат сè, од хигиеничар до министер. Ваквиот потег ја покажува неговата загриженост за она што обвинителството го има за неговиот случај. И целта ќе биде Заев да не одговара за она што целата македонска јавност виде дека го сторил во предметот „Поткуп“ – рече Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...