fbpx

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

-

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“.

Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите.

– Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на преговорите од Европската комисија. За шест месеци, односно до декември, да се зајакне перцепцијата во Советот на Европа дека Македонија е сериозен кандидат за членство во ЕУ, додека за девет месеци да се насочат земјите членки да зборуваат за почеток на преговори со Македонија – изјави Заев.

Тој посочи дека со новите реформи треба да обезбеди демократски парламент, да се направат реформи во судството, безбедносните струкутруи, да се обезбеди кохабитација со претседателот, реформи во медиумите и соработка со граѓанскиот сектор, преку што ќе се обезбеди континуирана транспарентност и инклузивност.

Премиерот истакна дека е потребна соработка и од опозицијата, која треба истовремено да биде надзор и коректив на планот.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, посочи дека правецот на реформите произлегува од владината програма, која предвид ги има земено точките од Договорот од Пржино, препораките од Брисел во однос на итните реформски приоритети и претходните извештаи на Европската комисија. Тој истакна дека во првата група мерки е предвидено зајакнување на капацитетите и на работата на ДИК, коишто произлегуваат од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија.

– На краток рок мерките ќе се фокусираат на поддршка на ДИК и на внатрешна консолидација и зајакнување на нивните капацитети, а во контекст на подготовките на локалните избори, вклучително и на ажурирање на избирачкиот список, едукација на изборната администрација и на гласачите – рече Османи, додавајќи дека ќе има санкционирање на директорот на МРТ доколку со следниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР се констатира небалансирано известување.

Тој најави дека реформите што се однесуваат на Собранието на Република Македонија, ќе бидат насочени кон тоа Владата да дава поддршка на враќање на демократскиот амбиент во парламентот преку политички дијалог и соработка со партиите, особено со опозицијата.

Во однос на имплементацијата на Охридскиот договор, Османи најави дека до локалните избори треба да се усвои и законот за јазиците, кој ќе биде доставен до Венецијанската комисија заради консултација.

Со реформскиот план се предвидува реформа на јавната администрација, како и реформи во судството, во кои спаѓа и укинување на законот за Советот за утврдување на факти и дисциплинска одговорност на судии, формирање на работна група за законот за изменување и дополнување на Законот за судии и на Законот за судскиот совет, формирање на совет за спроведување на реформите во правосудството, целосна институционална поддршка на СЈО, подготвување измени на законот за укажувачи, како и носење нов закон за заштита на сведоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...