fbpx

Стапката на инфлација годинава се очекува да биде 1,6 отсто

Во рамки на надворешниот сектор, во третиот квартал од 2015 година на тековната сметка беше забележан суфицит од 142,4 милиони евра или 1,6 отсто од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението на Народна банка. - Истовремено, кај финансиската сметка беа остварени нето-одливи од 188,4 милиони евра...

Проектираниот пораст на БДП за годинава е 3,5 проценти

Домашниот бруто-производ во третиот квартал од минатата година оствари годишен пораст од 3,5 проценти, што е во согласност со октомвриската проекција, иако стапката на пораст е малку повисока од очекуваната, објави Народна банка. - За разлика од претходниот период, клучен поединечен двигател на порастот во...

Собранието не го усвои предлогот за измени на Законот за буџетите

Во рамките на продолжението на 85. седница, Собранието не го усвои предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, во прво читање, предложен од опозицијата. Образложувајќи го предлогот, Марјанчо Николов од СДСМ истакна дека се бара наместо Владата, Собранието да ја носи фискалната...

Незири: Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот

Фалсификувањето и пиратеријата, имаат огромно штетно влијание врз бизнисите и постои можност да станат уште попроблематични поради неодамнешната економска криза и сè поголемата продажба на лажни производи. Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким Незири, кој учествуваше на промоцијата на проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата...

„Дојче банк“ ја потврди загубата од 6,8 милијарди евра во 2015 година

„Дојче банк“ потврди дека остварила нето-загуба од 6,8 милијарди евра во 2015 година поради високите трошоци за реструктуирање, резервирање за ризични пласмани и пониски проходи. Загубата само во четвртиот квартал изнесувала 2,1 милијарди евра, соопшти банката. Банката моментно е заглавена во судски спорови, имајќи предвид дека...

Компанијата „Макпрогрес“ преку интернет ќе ги продава производите на кинескиот пазар

Македонската компанија за кондиторски производи „Макпрогрес“, преку интернет ќе ги продава своите производи на кинескиот пазар, за да го зголеми извозот. Производите ќе се продаваат преку интернет-компанија во Кина „Јинггонг мол“ (Jingdong Mall). „Макпрогрес“ на кинескиот пазар ќе ги продава производите од асортиманот на „винчини“ и на „армониа“.

Трајанов достави предлог до Собранието минималната плата да изнесува 300 евра

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, до парламентот достави предлог-закон за определување на минимална плата во износ од 300 евра. Според Демократскиот сојуз, ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, а младите и креативни кадри заминуваат во странство. Според оваа...

„Макам-транс“: Блокадите на гранците на грчките земјоделци ни го забавуваат превозот

Блокадите на границата со Грција влијаат врз забавување на превозните операции на транспортерите. Ако поради близината со оваа земја, транспортерите оделе и се враќале за еден ден, со блокадите, превозот се пролонгира за еден ден. - Со кој било застој, се зголемуваат трошоците, имаме помал...

Цената на нафтата закрепнува, еден барел чини 32 долари

Закрепнувањето на цената на нафтата им помогна на глобалните берзи да ги намалат загубите, но инвеститорите останаа претпазливи бидејќи ги чекаат информациите од американските Федерални резреви (ФЕД) за терминот за следеното зголемување на каматните стапки, јавува агенцијата „Ројтерс“. Неизвесноста пред соопштението за новата политика на...

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 21.976 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2015 година, изнесува 21.976 денари. Просечната нето-плата во ноември минатата година била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец во 2014 година. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите...

„Виз ер“ од и до Македонија превезла 2 милиони патници

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ превезла два милиона патници до и од Македонија откако почнала со работа во 2011 година. - Со основањето на нашата база во Скопје и со континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи ги...

„Џонсон контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица

Американската компанија „Џонсон контролс“ ќе гради нова фабрика во Струмица, за производство на навлаки за седишта за автомобили. Инвестицијата ќе биде околу 20 милиони долари, а изградбата на фабриката ќе почне во април годинава. Фабрика за производство на навлаки, „Џонсон контролс“ има и во Штип.  

Минималната потрошувачка кошничка за ноември изнесувала 32.279 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2015 година изнесувала 32.279 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија Според пресметките, 42,56 проценти, односно 13.414 денари се за исхрана и за пијалоци, 32,29 проценти (10.422 денари) за домување, 6,88 проценти (2.220 денари) за хигиена, 7,25 проценти (2.339...

Државата се задолжи уште 19 милиони евра кај домашните кредитори

Министерството за финансии се задолжи со 19 милиони евра кај домашните кредитори. Врз основа на доспеани долгови, Владата денеска треба да врати 9 милиони евра. Неодамна, дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупреди дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе...

„Ван Хол“ ќе инвестира во втор производствен капацитет во Македонија

Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе инвестира 15 милиони евра во нов производствен капацитет во следните четири години. Во втората инвестициска фаза, компанијата планира да го зголеми производството двојно, односно од 500 возила годишно на околу 900. - Воедно имаме и нов проект и покрај извозот во Америка и...

СДСМ: По ножиците на Груевски, скратени егзистенции

Додека Груевски секој ден зборува за виртуелни инвестиции, во реалноста секој ден работници остануваат на улица без работа или без плати, обвинуваат од СДСМ. Од партијата велат дека според последните информации, вработените во руската фармацевтска компанија „Продис“ десет месеци немаат земено плата, а компанијата имала...

Хрватската „Агрофруктис група“ презеде три македонски откупни центри

„Агрофруктис група“ од Хрватска презела три откупни фирми за овошје и за зеленчук во Македонија, соопштија од компанијата. Станува збор за фирмите „Вант“ и „Вба футура“ од  Струмица и „Еуро-агрија“ од Ново Село, кои годишно откупуваат околу 20.000 тони свежо овошје и зеленчук, со пазарна вредност од околу 6,5 милиони евра, се...

Цената на нафтата на исто ниво како пред пет години

Цената на „еуродизел“ по вчерашното рекордно поевтинување, е на исто ново како пред пет години. Имено, на 14 февруари 2011 година еден литар „еуродизел чинел 39 денари. „Еуросупер БС-95“ тогаш се продавал по цена од 36,4 денари за еден литар, а денеска - за 57,5 денари. „Еуросупер БС-98“ тогаш чинел 37,8 денари за...

Најголем број фалсификувани евро-банкноти имало лани

Стопанствениците и полицијата никогаш не повлекле толку лажни банкноти евра од промет како минатата година. Фалсификаторите на пари, минатата година ги собориле сите рекорди. Уште од воведувањето на европската валтуа во 2002 година, не се повлечени толку лажни валути од промет како минатата година. Европската централна...

Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија во ноември лани

Во ноември минатата година, Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија, 15,332 милиони кубни метри гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,2 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 отсто од...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...