fbpx

Собранието не го усвои предлогот за измени на Законот за буџетите

-

Во рамките на продолжението на 85. седница, Собранието не го усвои предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, во прво читање, предложен од опозицијата.

Образложувајќи го предлогот, Марјанчо Николов од СДСМ истакна дека се бара наместо Владата, Собранието да ја носи фискалната стратегија.

– Ова Собрание треба да ја зајакне фискалната контрола на Владата, а потоа и на другите субјекти. За изминативе три години Владата потрошила 312 милиони евра повеќе од она што го донела како фискална стратегија кон која треба да се придржува. За овие седум години, секој граѓанин е задолжен со нови 1.000 евра – изјави Николов.

Според Николов, она што треба да загрижува е што и со последната фискална стратегија од 2016 до 2018 година, јавниот долг ја надминува границата од 50 проценти и изнесува 52 проценти, што е опасно ниво.

– Ако Владата го предвидела тоа, а не си ја почитува стратегијата, постои опасност Македонија да стане презадолжена земја. Јавниот долг од 2008 година заклучно со третиот квартал од 2015 година е двојно зголемен од две на четири милијарди евра – изјави Николов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...