fbpx

Цената на нафтата на исто ниво како пред пет години

-

Цената на „еуродизел“ по вчерашното рекордно поевтинување, е на исто ново како пред пет години. Имено, на 14 февруари 2011 година еден литар „еуродизел чинел 39 денари.

„Еуросупер БС-95“ тогаш се продавал по цена од 36,4 денари за еден литар, а денеска – за 57,5 денари. „Еуросупер БС-98“ тогаш чинел 37,8 денари за еден литар, а денеска е 59,5 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од Регулаторна комисија за енергетика ги посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Предвидувањата за оваа година се дека цената на нафтата ќе продолжи да се намалува бидејќи производството нема да биде намалено.

Дополнителен придонес кон порастот на понудата на нафта се очекува од укинувањето на економските санкции за Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...