fbpx

Средба Ангелов – Мардас: Интензивирање на македонско-грчката трговска соработка

-

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, денеска се сретна со грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Мардас.

Средбата во грчкото министерство за надворешни работи се одвивала во пријатна пријателска атмосфера. Ангелов и Мардас разговарале за прашања од билатерален интерес. Разговорот се фокусирал на можноста за проширување и интензивирање на економските и на трговските врски меѓу двете земји, особено во делот на транспортот и на инфраструктурата.

Состанокот на Мардас и на Ангелов доаѓа во време кога во Грција се стравува од можноста за затворање на македонските граници за бранот бегалци што преку Грција одат кон ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...