fbpx

Снежното невреме во САД однесе 33 животи

-

Најмалку 33 лица загинале во САД во налетот на снежната бура „Сноузила“, која погоди најголем дел од источниот брег, јавуваат светските агенции.

Најголем дел од луѓето настрадале од срцев удар чистејќи ги улиците, од сообраќајни несреќи или, пак, од задушување со јаглерод диоксид кога се обидувале да ги згреат автомобилите и домовите.

Откако невремето донесе повеќе од 60 сантиметри снег во одредени делови на Вашингтон, состојбата во американската претстолнина полека се стабилизира.

Администрацијата и училиштата сè уште не работат, а Претставничкиот дом на САД ги одложи гласањата до следната недела.

Автобуските и метро-линиите кои биле затворени за време на викендот, вчера повторно почнале да работат, но ограничено, а возовите можеа да се користат бесплатно.

Во Њујорк снежната покривка достигна 68 сантиметри, училиштата се отворени, а функционира и јавниот превоз.

Невремето во САД погоди 85 милиони луѓе, стотини илјади граѓани останаа без електрична енергија, а повеќе од 1.600 летови ширум САД беа откажани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...