Државата се задолжи уште 19 милиони евра кај домашните кредитори

Министерството за финансии се задолжи со 19 милиони евра кај домашните кредитори. Врз основа на доспеани долгови, Владата денеска треба да врати 9 милиони евра.

Неодамна, дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупреди дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран во мај.

Тој информираше дека министерот за финансии, Зоран Ставрески, има закажано уште 23 аукции на државни хартии од вредност во првите шест месеци од оваа година.