fbpx

Незири: Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот

-

Фалсификувањето и пиратеријата, имаат огромно штетно влијание врз бизнисите и постои можност да станат уште попроблематични поради неодамнешната економска криза и сè поголемата продажба на лажни производи.

Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким Незири, кој учествуваше на промоцијата на проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“ во ЕУ-инфоцентар.

– Република Македонија има постигнато значајни резултати во обидот за спречување и за намалување на ефектите од овој феномен, но за да се успее на овој долг пат, потребна е дополнителна поддршка и експертиза – истакна министерот Незири.

Шефот на делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, во своето изложување спомена дека проектот вреден 1,4 милиони евра има цел да ја зголеми подготвеноста на земјата во делот на заштита на интелектуалната сопственост.

– Способноста на земјата да ги заштити правата на  интелектуална сопственост е од големо значење за инвестиорите. Тоа е витално барање за земји кои се насочени кон привлекување инвестиции и кон економија базирана на знаење. Правата на интелектиуална сопственост подразбираат стратешки пристап и подобрен процес на собирање податоци, како и координација меѓу релевантните институции – рече Орав.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...