fbpx

Со велосипед против долговите за бесплатен превоз

-

Околу половина милион евра општините Штип и Кочани им должат на превозниците за бесплатниот превоз на учениците. Овој владин проект целосно падна на товар на општините, а актуелните градоначалници потрошија близу две третини од својот мандат во враќање на долговите што ги наследија од своите претходници.

Општината Штип од 2013 година има обврска да врати околу 450.000 евра на превозниците. Досега, според пресметките, вратени се околу 150.000 евра, но со буџетот за 2016 година, планирано е да се исплатат уште 200.000 евра. Повеќе од 500 ученици од другите градови секој ден патуваат во Штип на училиште. Притоа, товарот целосно падна на буџетот на Општината, бидејќи блок-дотациите од државниот буџет, според Општината, одвај стигнува за други потреби.

Oпштината Кочани годинава предвидела да врати околу 145.000 евра од долгот од половина милион евра за ученички превоз. Од службата за односи со јавноста изјавија дека парите ќе се враќаат од блок-дотациите што ги добиваат за редовна работа на училиштата. Градоначалниците на овие две општини изјавуваа дека преку ЗЕЛС ќе покренат иницијатива во трошоците за бесплатниот ученички превоз да учествуваат и општините од каде доаѓаат учениците. Како втора алтернатива, предлагаа поинаква распределба на блок-дотациите.

Еден од членовите на Советот на општината Кочани неодамна дал оригинален предлог – учениците од другите општини на училиште да доаѓаат со велосипед наместо со автобусите што трупаат долгови на Општината. Според образложението на советникот, велосипедот е еколошки превоз, не троши, а е добар за здравјето и за физичката активност на учениците.

Во кочанските средни училишта секојдневно патуваат ученици од Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип и од соседните села.

Според владиниот проект, општината е должна да го организира превозот на сите ученици од основното и од средното образование кои живеат на повеќе од 2,5 километри од училиштето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...