Просечната нето-плата во ноември изнесувала 21.976 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2015 година, изнесува 21.976 денари. Просечната нето-плата во ноември минатата година била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец во 2014 година.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,2 отсто), административни и помошни услужни дејности (8,4 отсто), градежништво (7,1 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (23,5 проценти), рударство и вадење камен (7,4 проценти) и градежништво (2,6 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во ноември 2015 изнесува 32.268 денари. Во ноември минатата година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.