fbpx

СДСМ: На аукцијата на државни записи мал одзив од банките

„Министерството за финансии, на чело со новиот министер Кирил Миноски и со согласност од гувернерот Димитар Богов, го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните. Според информациите, постои резервираност на банките на денешната аукција на државни...

„Балкански барометар 2016“: Песимизам и зачмаеност во Македонија

Речиси 80 отсто од граѓаните на Македонија се или незадоволни или неутрални од тоа како се движат работите во општеството, покажа последното истражување на „Балкански барометар 2016“, кое денеска беше претставено во Сараево. Дури 75 отсто од граѓаните на Македонија мислат дека во следните 12 месеци...

Се зголемува можноста за извоз на македонски производи во францускиот регион Алзас

Македонските компании ќе имаат можност за извоз на своите производи во францускиот регион Алзас, откако повеќечлена делегација од тој регион е во посета на Македонија заради унапредување на економската соработка на регионално ниво меѓу двете држави. Можности за соработка има во областа на машинската, електроиндустријата, текстилната индустрија,...

Ново задолжување на државата од 12,6 милиони евра

Државата ќе се задолжи 12,6 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност, со рок на доспевање од три месеци, една година и од петнаесет години. Во првиот квартал јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, односно 45 проценти од домашниот бруто-производ.

Граѓаните ќе може да увезуваат половни возила само со стандард „еуро 4“

Рокот за увезување половни возила што се постари од 2005 година истекува на 1 јули и по овој датум граѓаните ќе можат да увезат половни возила само со стандард „eуро 4“ или повисок. Граѓаните кои купиле половно возило со стандард „еуро 3“ имаат рок до...

Претставници од Македонија на Глобалниот самит за претприемаштво во САД

Благица Петрески и Зоран Настески ќе учествуваат на Глобалниот самит за претприемаштво 2016 (ГЕС), што ќе се оддржи од 22 до 24 јуни годинава, во Пало Алто, Калифорнија. Тие ќе им се придружат на повеќе од 700 претприемачи од целиот свет, како и инвеститори, говорници и...

Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ

Банка на Англија предупреди дека референдумот за иднината на Велика Британија во Европската Унија претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари. „Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари. Доколку се гласа...

Наумов: Најважно е дали Ставрески ја почнал процедурата за издавање еврообврзница

„Jавните финансии се во страшно лоша состојба и прашањето е што тоа Зоран Ставрески остави зад себе. Притисокот од Никола Груевски, кој ја води власта, ќе биде уште поголем и очекувам да се продолжи со истата погубна политика и да има нови задолжувања“, одговори претседателот...

Пораст на кредитирање на населението, а намалување кај корпоративниот сектор

Пораст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор е забележано во април и во мај, информираат од Народна банка. - Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и на падот на депозитната база, но во еден...

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент. - Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за...

Девизните резерви намалени, но пазарот е стабилен

Девизните резерви квартално се намалени, заклучно со средината на јуни. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на Народна банка на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. - Од 19 април...

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка. - Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и...

Прометот во индустријата во првиот квартал е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани

Прометот во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во април е поголем за 15,7 проценти во однос на истиот месец лани. Прометот во индустријата остварен на домашниот...

Рокот за барања за субвенции за млеко е до 30 јуни

Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, инфромираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката...

Ден на масовни протести низ цела Грција

Грција денеска е преплавена од штрајкови и од протести. Илјадници Грци обединети под мотото „Дајте си оставка“ вечерва ќе излезат на протест пред парламентот во Атина и пред Белата кула во Солун. Граѓаните кои ќе бидат дел од ова движење сметаат дека владата на Алексис...

Гувернерот на Токио си поднесе оставка поради финансиски скандал

Градското собрание ја прифати оставката на гувернерот на Токио, Јошиј Масузе, поради вмешаност во финансиски скандал и обвинувања за наводна злоупотреба на државни средства во приватни цели. Масузе е обвинет дека користел државни пари за семeјни летувања, купување уметнички дела и за други приватни трошоци....

Денеска се воспоставува авиолинијата Белград – Охрид

Официјалниот почеток на авионските летови на линијата Белград - Охрид ќе се означи денеска со слетувањето на првиот авион на „Ер Србија“. Со воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да се придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од...

Компаниите бараат да се смени моделот за пријавување сезонски работници

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ) бара да се унапреди моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓе и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници. - Членките на ОРМ укажуваат на...

Македонија на мапата за алтернативен туризам на француски тур-оператор

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше тридневна инфо-тура за францускиот туристички оператор „Војагер отремент“ (Voyager Autrement), кој на годишно ниво испраќа повеќе од 15.000 туристи насекаде во светот. Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација. Туристичката понуда на Скопје...

Зголемен бројот на туристи за 14,4 проценти во првиот квартал во однос на истиот период лани

Бројот на туристи во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,4 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 17,9 проценти, а кај странските има зголемување за 12,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-април...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...