Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, инфромираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
До денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, завршува и рокот за поднесување барања за субвенции за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од јануари до април. Висината на субвенцијата е 100 денари, а барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта.
Од Агенцијата потсетуваат дека рокот за поднесување барање за мерките по површина и грло добиток завршува на 30 јуни.