Пораст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор е забележано во април и во мај, информираат од Народна банка.

– Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и на падот на депозитната база, но во еден дел и одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, во согласност со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година – информираат од Народна банка.