fbpx

Девизните резерви намалени, но пазарот е стабилен

-

Девизните резерви квартално се намалени, заклучно со средината на јуни. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на Народна банка на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент.

– Од 19 април до 23 мај, Народна банка интервенираше на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра, со што го затвори јазот помеѓу побарувачката и понудата на девизи и ја одржа стабилноста на девизниот курс. Во мај, мерките на Народната банка за справување со шпекулациите околу стабилноста на курсот на денарот придонесоа за постојан пад на побарувачката на девизи од физичките лица, која постепено се враќа кон вообичаеното преткризно ниво. Во такви околности, побарувачката на девизи од физичките лица во мај беше пониска за околу 30 отсто од вкупната побарувачка за април – се вели во соопштението на Народна банка.

Во него се додава дека од последната недела на мај досега, девизниот пазар е стабилен, речиси и без потреба од интервенции на Народна банка.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...