fbpx

Компаниите бараат да се смени моделот за пријавување сезонски работници

-

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ) бара да се унапреди моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓе и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

– Членките на ОРМ укажуваат на потребата од значително поедноставување на моделот на пријавување и на плаќање на придонесите за работниците кои се ангажираат на определено време за извршување работи кои имаат сезонски карактер. Во таа насока, ОРМ преку процес на консултации со работодавците, ќе предложи нов модел за ангажман на сезонски работници, преку т.н. систем на дневни купони за плаќање на придонесите, со што веруваме дека ќе се постигне поефикасна примена на законските одредби за пријавување на овие работници- објаснува претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Во Македонија сè поголема е потребата од ангажман на сезонски работници кај голем број компании од различни стопански гранки, како земјоделството, угостителството и туризмот, прехранбената, текстилната и другите преработувачки индустрии.

На состанокот било разгледано и искуството на Хрватска во областа на пријавување на сезонските работници.

По завршување на консултациите со работодавците, ОРМ ќе предложи конкретни измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...