fbpx

Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, меѓу кои е ставот дека Македонците како Словени немаат никаква врска со античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура....

Француски туристи со жолти елеци во Албанија блокираа возачи-Албанци

Група француски туристи на граничниот премин Хан Хоти на северот на Албанија, вчера блокираа една лента, револтирани што возачите-Албанци не ги почитуваат сообраќајните правила. Тие облекоа жолти елеци - симболот на повеќемесечните протести против француските власти, и на граничниот премин кон Црна Гора, ги блокираа...

Сончево и топло, со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури се движеа од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневните ќе бидат во распонот од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, со температура до 34 Целзиусови...

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје - Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво,...

Заев повторно ја повика опозицијата да ги поддржи реформите на обвинителството

Премиерот Зоран Заев преку видеообраќање денеска ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, со кој СЈО треба да стане одделение на главното обвинителство. „Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите...

Заедничките гранични контроли на преминот Табановце – Прешево на чекор до реализација

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу нашата и српската влада за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце - Прешево. „Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе...

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува...

Сончево време со умерена облачност и температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени. Во Скопје сончево, со мала до умерена облачност и со слаб...

Нападнатиот професор Илјази бара борба против неказнивоста и незаконитоста во Охрид

Универзитетскиот професор Илjаз Илjази, кој неодамна беше физички нападнат од страна на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, порача дека мора да се стори нешто против неказнивоста и незаконитоста во Охрид. Усеини го нападнал професорот Илјази пред зградата во која живее...

Три предлози за зголемена безбедност во меѓуградскиот превоз во земјава

Случаите со несреќата кај Ласкарци, со пренатрупаноста со патници во автобусите и со запалениот македонски автобус во Црна Гора, го активираше алармот дека безбедноста на меѓуградскиот превоз е загрозена. За да се избегнат ваквите ситуации во иднина и да се зголеми безбедноста во сообраќајот,...

Дескоска: Нема напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

Денеска во Министерството за правда се одржа нова средба за Предлог-законот за Јавното обвинителство помеѓу министерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Бојан Маричиќ, пратеничката на НСДП, Соња Мираковска и претставниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Панче Тошковски. Министерката за правда, Рената Дескоска...

Заев и Борисов положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

Премиерот Зоран Заев, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, по заедничката прес-конференција, придружени од страна на министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева, оддадоа почит и положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во...

Пендаровски-Борисов: Политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, соработка има и во други области

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов. „На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше констатирано дека Северна Македонија и Бугарија се посветени кон јакнење на добрососедските односи и унапредување на...

Заев – Борисов: Наредниов период решение за тунелот кај Ѓуешево на пругата од Коридорот 8

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на денешната средба го разгледале степенот на реализација на проектите во рамките на Коридорот 8. Премиерот Зоран Заев нагласи дека нашата влада обезбедила 580 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, напоменувајќи...

Кривичниот суд го прифати обвинението за автобуската несреќа кај Ласкарци

Кривичниот суд Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување. Обвинението беше поднесено на 1 јули. „Во однос...

Едно лице загина, а десетина се повредени во судир помеѓу автобус и комбе

Едно лице загина, а десетина патници се повредени при судир помеѓу автобус со кратовски регистарски таблички, и комбе со скопски регистарски таблички во близина на Велес. Во сообраќајна несреќа која се случи синоќа, загина возачот на комбето во кое немало други патници. Повредените патници од автобусот...

Заев и Борисов ќе положат цвеќе на гробовите на Гоце Делчев и Константин Каварналиев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на земјава, за заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија. Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе...

Времето сончево и топло, попладне можни поројни дождови

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне, особено во западните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува. Температурата во текот на денот ќе...

Владата најави субвенции до 3.000 евра за замена на стари возила со нови

Со измените на законот за возила еколошките налепници што ќе ја означуваат еколошката категорија на возилото нема да бидат задолжителни, рече министерот за економија Крешник Бектеши денеска, презентирајќи ги најновите измени на законот за возила што вчера беа изгласани во Собранието. Тој рече дека...

Заев на увид во реконструкцијата на патот Битола – Демир Хисар

Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, која треба да заврши во текот на следниот месец денеска извршија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Гледајќи до каде се градежните работи, двајцата во еден момент се качија...