fbpx

Заев – Борисов: Наредниов период решение за тунелот кај Ѓуешево на пругата од Коридорот 8

-

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на денешната средба го разгледале степенот на реализација на проектите во рамките на Коридорот 8. Премиерот Зоран Заев нагласи дека нашата влада обезбедила 580 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, напоменувајќи дека во следниот период министрите за транспорт и врски треба да го изнајдат решението за доградба на граничниот тунел кај Ѓуешево за железничко поврзување на двете земји.

– Веќе договоривме во следните неколку дена да одржат состанок за да изнајдат решение како еден тунел, којшто заеднички го споделуваме на границата помеѓу двете земји, да биде изграден квалитетно – изјави премиерот Заев.

Изградбата на тунелот во вредност од над 70 милиони евра веќе е започната од бугарската страна на границата, додека од наша страна тој е вклучен во третата фаза од изведбата на пругата кон Бугарија, во делот меѓу Крива Паланка и Деве Баир. Бугарскиот премиер Бојко Борисов напомена дека тунелот од бугарската страна на границата е речиси готов.

– Можеме уште да го забрзаме процесот и ве повикувам сите да се вклучиме и да не губиме време – изјави бугарскиот премиер.

Премиерот Борисов најави дека министрите за транспорт и врски на двете земји следната недела ќе извршат увид во изведбата на тунелот кај Ѓуешево.

На заедничката прес – конференција се споменаа и други инфраструктурни проекти за подобро поврзување на двете земји, вклучувајќи ја изградбата на експресниот пат од Куманово до Деве Баир на Коридорот 8 и изведбата на граничниот премин Клепало и на два други гранични премини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...