fbpx

Заедничките гранични контроли на преминот Табановце – Прешево на чекор до реализација

-

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу нашата и српската влада за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.

„Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница“, се наведува во соопштението на Претседателот на РСМ.

Официјалниот почеток на заедничките гранични контроли меѓу Северна Македонија и Србија се очекува на крајот од овој месец. Како што веќе информираа од Царинската управа на РСМ, овие контроли засега ќе важат единствено за патниот сообраќај за превоз на патници и стоки. Возачите ќе имаат бенефит од единственото застанување за извршување на сите гранични формалности, бидејќи ќе се забрза минувањето на границите и ќе се заштеди време при патувањето.

За патниците и стоките кои се движат од Србија кон Северна Македонија, граничната служба на Србија ќе спроведе излезна контрола на македонскиот граничен премин Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од нашата земја кон Србија македонските гранични служби ќе ја вршат на територијата на Србија на граничниот премин Прешево.

Договорот за воведување на заеднички гранични контроли во патниот сообраќај беше потпишан од македонската и српската влада на 12 јули годинава. Собранијата на двете земји веќе го усвоија Законот за потврдување на договорот склучен меѓу владите на Северна Македонија и на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...