Германија ќе ја извести ЕУ за почетокот на гранични контроли со Чешка, Швајцарија и Полска

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ќе ја извести Европската Комисија за плановите, кои ќе значат возможно воведување на полициски контроли директно на границата меѓу Германија и нејзините три соседи

-

Германија се подготвува за планот за воведување на фиксни гранични контроли на премините со Полска, Чешка и Швајцарија, владини извори ја брифирале ДПА во понеделникот, известува германската новинска агенција ДПА.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ќе ја извести Европската комисија за плановите, кои ќе значат возможно воведување на полициски контроли директно на границата меѓу Германија и нејзините три соседи.

Вакви проверки се воведени на границата со Австрија уште од 2015 година.

Германското Министерство за внатрешни работи врши подготовки за да го испрати писмото за овој план до Европската Комисија, информираа изворите.

Фезер неодамна објави за зголемени мобилни контроли на германската полиција во близина на границата со источните соседи.

Нивната цел е поефикасна борба против шверцерите и откривање и превенција на неовластени влегувања во Германија.

Одбивањето за влез на некого во внатрешните граници на Шенген зоната е легално единствено доколку Европската Комисија биде претходно известена за привременото воведување на гранични контроли.

Како и да е, само мал број на луѓе биле вратени назад од германската граница, на пример, во случај на странец кој е предмет на забрана за влез или тој/таа не аплицирал за азил.

Неколку земји-членки на Шенген зоната ја известија ЕУ за планирани гранични контроли.

Франција, на пример, воведе контроли на границите со Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија, опишувајќи го ризикот од тероризам и нелегална миграција преку балканската рута и рутата преку централен Медитеран.

Исто така, француската полиција не го проверува секој граѓанин, туку селектира и ја адаптира ситуацијата. Во иднина ова најверојатно исто така ќе биде случај со германските контроли на границата со Чешка, Полска и Швајцарија.

Иако била застапена во медиумите, миграцијата во Германија постана прашање на уште пожешка дебата за време на одржувањето на неодамнешните државни избори, на кои радикалната десница имаше зголемена популарност.

Бројот за апликации за азил во меѓувреме значително се зголемил.

Од почетокот на јануари до крајот на септември, 233.744 луѓе аплицирале за азил во Германија, што е за 73 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Многу општини се соочуваат со ограничувањето кога станува збор за сместување, грижа и интегрирање на бегалците, меѓу другото, и поради тоа што повеќе од 1 милион воени бегалци пристигнаа од Украина во Германија од почетокот на руската војна во февруари 2022 година.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...