fbpx

Запленета облека „Версаче“, „Најк“, „Долче Габана“ од 26 илјади евра

Брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава

-

На граничниот премин Табановце спречен бил обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два засебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце, информира Царинската управа.

Брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 11 илјади евра биле откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово.

„Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги зел како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени“, соопштуваат од Царинската управа.

Фото: Царинска управа

Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 15 илјади евра биле откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото било скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...