вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ГП Табановце | 28 резултати

Во акцијата на „Табановце“ уапсени командир, заменик командир и шест полицајци

декември 26, 2022

Поради злоупотреба на службената положба во синоќешната полициска акција на граничниот премин „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена и шест полицајци, изјави денска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски рече дека биле извршени претреси во кабините на граничниот премин, како и во домовите на деветмината уапсени со […]

Заеднички железнички граничен премин со Србија ќе се гради во Табановце, решение за арсенот нема

април 8, 2022

Полициските, царинските и фитосанитарните погранични контроли на патничките и товарните возови меѓу Македонија и Србија во иднина ќе треба да се вршат на заеднички железнички граничен премин, којшто е планирано да се гради до железничката станица Табановце. Објектот со површина од 2.500 метри квадратни треба допрва да се гради во земјава, а во него ќе […]

Од денеска за српските туристи М-смарт бесплатни картички за патарини по Коридорот 10

јуни 15, 2021

Патниците од Србија кои во Северна Македонија ќе влегуваат со автомобил, од денеска на граничниот премин Табановце добиваат бесплатна картичка со 760 денари, за плаќање на патарините во двата правца на автопатот „Пријателство“, од Куманово,  до грчката граница Богородица. „Од 15 јуни почнува делењето на М-смарт картичките за српските туристи на граничниот премин Табановце и […]

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

јануари 7, 2021

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 […]

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

ноември 14, 2020

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите […]

До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

јули 13, 2020

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и […]

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

април 6, 2020

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да […]

Изградбата на заеднички железнички граничен премин со Србија чека на ветениот грант

декември 10, 2019

Целокупната техничка документација за заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце е готова и е доставена до Министерството за транспорт и врски. Од ова министерство за „Мета.мк“ посочуваат дека веќе е изработена и испратена Апликацијата за инвестициски грант до Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), од каде ќе добиеме неповратни средства за […]

Србија очекува да имаме заеднички железнички граничен премин до 2021 година

октомври 2, 2019

Српското министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура очекува новиот заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија да биде изграден до крајот на 2021 година. Во изјава за „Мета.мк“, од Министерството во Белград нагласуваат дека Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан треба допрва во декември да го донесе конечниот став за финансирањето на […]

Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

септември 2, 2019

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини. Бројот на патници […]

За автомобили една гранична контрола меѓу Македонија и Србија – за воз чекаме пет години

август 27, 2019

Побрзото патување со воз и воведувањето на заедничките гранични контроли меѓу Македонија и Србија ќе ја чекаат дури 2023 година. За нивното спроведување е неопходно да се изгради нов пограничен објект до железничката станица во Табановце, за чија изведба македонските власти во моментов собираат средства од Европската Унија (ЕУ) и од Европската банка за обнова […]

Со едно застанување ќе ја минуваме границата меѓу Македонија и Србија кај Табановце

август 26, 2019

Преполовено време за чекање на граница за патниците и годишни заштеди за државите од 8 милиони евра. Ова се најзначајните придобивки од воведувањето на заедничките гранични контроли во патниот сообраќај меѓу Северна Македонија и Србија на граничниот премин Табановце – Прешево. Македонскиот премиер Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ денеска официјално го пуштија во […]

Немањето заеднички гранични премини го отежнува работењето на железницата

август 13, 2019

Македонија и Косово потпишале договор за воведување на заеднички гранични контроли во железничкиот сообраќај уште во 2011 година, но до денешен ден не е изградена заедничката зграда за царината, полицијата и инспекциските служби. Како што информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски, ваквиот објект треба да го изгради косовската страна во Хани и […]

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

август 10, 2019

За разлика од земјите – членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до […]

Заеднички граничен железнички премин со Србија ќе имаме дури во 2023 година

август 7, 2019

Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Србија во наредните години ќе биде во уште поподредена состојба во споредба со патниот превоз. За разлика од воведувањето на заедничка гранична контрола во патниот превоз на крајот од овој месец, транспортот на патници и стока со воз ќе почека на заеднички граничен железнички премин дури до 2023 година. Спогодбата […]

Заедничките гранични контроли на преминот Табановце – Прешево на чекор до реализација

август 5, 2019

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу нашата и српската влада за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. „Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија […]

Српски државајнин се обидел да изнесе фалсификувани евра од земјава

март 14, 2017

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за изнесување од држвата на фалсификувани пари со вкупен износ од 27.700 евра. Фалсификуваните банкноти, како што информираат од Царинската управа, биле пронајдени во возило што го управувал српски државјанин, против кого е поднесена кривична пријава. „На 13 март годинава, околу 7 часот наутро, на граничен премин Табановце […]

Царината спречила шверц на 18 килограми марихуана, сокриена во плинска боца

јануари 26, 2017

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на 18 килограми марихуана, што била сокриена во плинска боца. Како што информираат од Царинската управа, вчера, околу 6 часот, на граничниот премин за излез од Македонија било пријавено возило, со албански регистарски таблички, а управувано од И.Ш., државјанин на Албанија. Возилото било селектирано […]

Спречен шверц на 8 килограми марихуана на граничниот премин Табановце

декември 4, 2016

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на осум килограми марихуана, која била сокрина во автомобил што го управувал 56-годишен државјанин на Република Албанија. „На 3 декември 2016 година, околу 15 часот, на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце, се пријавило патничко моторно возило марка „смарт“ со албански регистарски ознаки, а […]

Притворен албански државјанин осомничен за шверц на 24,5 килограми марихуана

октомври 14, 2016

Кумановското јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин, во чиј автомобил на граничниот премин Табановце, завчера биле пронајдени 24,5 килограми марихуана. Албанскиот државајнин, како што информираат од јавното обвинителство, се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од член 215, став 1 од […]

Страна 1 од 2