fbpx

Изградбата на заеднички железнички граничен премин со Србија чека на ветениот грант

-

Целокупната техничка документација за заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце е готова и е доставена до Министерството за транспорт и врски. Од ова министерство за „Мета.мк“ посочуваат дека веќе е изработена и испратена Апликацијата за инвестициски грант до Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), од каде ќе добиеме неповратни средства за проектот од 5,2 милиони евра.

– Очекуваме Управниот комитет на ВБИФ во декември 2019 година да даде официјална оценка на апликацијата и да го одобри износот на грант средствата – информираат од Министерството за транспорт и врски.

Откако ќе биде и официјално потврдена финансиската поддршка, во следната фаза ќе треба да се распише тендерот за изградба на граничниот објект. Во меѓувреме, периодов се работи на проектната документација за изградба на пристапниот пат до идниот заеднички железнички граничен премин кај Табановце, кој треба да се гради во пакет заедно со идната зграда.

Идниот заеднички граничен железнички премин меѓу Македонија и Србија ќе се гради до железничката станица во Табановце. Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни и во него ќе се сместат сите гранични органи на двете земји, работниците од железниците на двете земји, како и лабораторија за ветеринарно и фитосанитарно испитување.

Надлежното министерство догодина треба да го распише тендерот за избор на изведувач што ќе го гради заедничкиот граничен железнички премин кај Табановце, кој пак треба да биде завршен во рок од 18 месеци. Постојните рокови велат дека заедничката гранична контрола меѓу двете земји во железничкиот сообраќај би почнала да се применува меѓу 2021 и 2023 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...