вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕУ фондови | 27 резултати

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

2 декември 2022

Полска Во јуни оваа година, Полска побара од Европската комисија да ги одмрзне средствата  од Фондот за обнова и отпорност во висина од 34 милијарди евра. Комисијата не ѝ ги префрла овие средства на Полска поради утврдените прекршувања на Регулативата (од 2020 година) со која се воведе условеност на владеење на правото за фондовите на […]

ЕУ со „стапот“ по Орбан, препорачува замрзнување на фондови од 7,5 милијарди евра

30 ноември 2022

Европската Комисија (ЕК) денеска препорача да не ѝ бидат исплатени на Унгарија 7,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ поради загриженост за владеење на правото во земјата со која владее Виктор Орбан, пренесува Јуроњуз. Будимпешта имаше рок до 19 ноември да усвои 17 реформи за кои беше преговарано со извршната власт на ЕУ во текот […]

Фондот за обнова и отпорност – нова финансиска инјекција во ЕУ

28 април 2022

Фoндот за обнова и отпорност е најголемиот дел од Инструментот „Нова генерација ЕУ“, тежок околу 800 милијарди евра, востановен за да се поттикне развојот по пандемијата. На овој фонд отпаѓаат 672,5 милијарди евра, од кои 312,5 милијарди се дотации (грантови), додека 320 милијарди евра се заеми. Фондот поддржува шест т.н. столба: 1) зелена транзиција; 2) […]

Европската комисија почнува истрага за владеењето на правото против Унгарија

6 април 2022

Европската комисија ќе почне правна истрага против Унгарија, со која ќе се испитува владеењето на правото во оваа членка на ЕУ и која што би довела и до парични казни, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент, известува „ЕУОбсервер“. Тоа ќе биде првпат извршната власт на ЕУ да прибегне кон […]

Станавме членка на Креативна Европа, програма на ЕУ со буџет од над 2,4 милијарди евра

9 декември 2021

Северна Македонија стана полноправна членка на програмата на ЕУ Креативна Европа, која што има буџет од над 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година и е наменета за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. „Амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на […]

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

17 мај 2021

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за […]

Секторските работни групи и граѓанскиот сектор треба да го зајакнат партнерството за реализација на ЕУ проектите

12 март 2021

Секторските работни групи (СРГ) треба да ја зголемат соработката со граѓанските организации (ГО), која треба да се одвива транспарентно и со партнерски однос, со цел поквалитетно и поефикасно да се испланираат и да се спроведат проектите од ЕУ кои се важни за Република Северна Македонија во евроинтеграциските процеси. Тоа да се однесува за сите СРГ, […]

Општина Свети Николе се согласи на формирање на меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад

22 февруари 2021

Со меѓусебни расправии и обвинувања меѓу власта и опозицијата, со девет гласа „за“ и шест „против“, Советот на општина Свети Николе на последната седница ја донесе одлуката за формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Ова идно претпријатие треба да биде со седиште во Општина Свети Николе, каде што ќе треба […]

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

24 декември 2020

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада […]

Македонија очекува 3 милијарди евра од идниот седумгодишен буџет на ЕУ

22 јули 2020

Македонија може да смета на речиси 3 милијарди евра директна европска помош од новиот усвоен седумгодишен буџет на ЕУ и фондот за закрепнување на ЕУ, кои изнесуваат 1.824 милијарди евра. По долги преговори во услови на глобална пандемија со ковид-19, европските лидери во Брисел се согласија околу расходите за наредните седум години. Покрај за буџетот, […]

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот и фондот за закрепнување

21 јули 2020

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија рано утрово го постигнаа договорот за повеќегодишниот заеднички буџет и за фондот за закрепнување. После неколкудневните маратонски преговори, договорен е заедничкиот буџет на ЕУ во висина од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, како и фондот за закрепнување на ЕУ во износ од 750 […]

До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

13 јули 2020

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и […]

Со новата Методологија на ЕУ, ако нема напредок во реформите, на земјава ќе ѝ се ограничат фондовите

9 јули 2020

Почнувајќи од 1992 година па сè до почетокот на применувањето на новиот „Инструмент за Претпристапна помош“, кој во 2007 година постана познат како ИПA, Северна Македонија постојано добивала помош и продолжува да прима преку стотици проекти од Европската Унија. Финансиската помош на ЕУ, во рамки на ИПА програмата, има за цел да ѝ помогне на […]

Лидија Димова: Незнаењето е најголемиот блокатор на европската агенда на земјава

22 јуни 2020

Расчистување на случајот на злоупотреба на еден дел на фондовите на ЕУ, кој беше пријавен и во Брисел, би значел дека во земјава фунционира борбата против корупцијата, вели во интервју за „Порталб.мк“, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Таа смета дека објавувањето на овој скандал ќе влијае позитивно врз […]

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

6 април 2020

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да […]

Се испитува можноста за зголемување на брзината и безбедноста на пругата Скопје – Кичево

19 март 2020

Министерството за транспорт и врски со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) ја испитува потребата за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура на потегот од Скопје до Кичево на паневропскиот Коридор 8. Во моментов се изработува пред-физибилити студија, како прв од документите што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување […]

Македонија и Албанија најдобро ги искористиле европските пари за меѓугранична соработка

10 февруари 2020

Девет реализирани проекти и пет нови кои почнуваат од 2020 година е резултатот на Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Македонија и Република Албанија 2014-2020 како дел од претпристапна помош, поточно ИПА-фондови. „Пограничната област меѓу Македонија и Албанија е окарактеризирана како една од помалку развиените области и една од областите со најнеповолни можности и услови за […]

Изградбата на заеднички железнички граничен премин со Србија чека на ветениот грант

10 декември 2019

Целокупната техничка документација за заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце е готова и е доставена до Министерството за транспорт и врски. Од ова министерство за „Мета.мк“ посочуваат дека веќе е изработена и испратена Апликацијата за инвестициски грант до Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), од каде ќе добиеме неповратни средства за […]

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

24 октомври 2018

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат – М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава […]

Владата утре ќе расправа за евроатлантските интеграции и за користењето на ЕУ фондовите

14 ноември 2017

Разгледување на состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ, статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО, се едни од најбитните точки што утре ќе бидат на дневниот ред на 38. седница на Владата. Министрите ќе расправаат и за информациите за модели за подобрување на функционирањето на […]

Страна 1 од 2