fbpx

Македонија ќе донира зимска опрема за украинските војници

-

Македонската влада на денешната седница донесе одлука за донација на зимска опрема кон Министерството за одбрана на Украина. Станува збор за ветровки, џемпери и ќебиња кои се донација од македонското Министерство за одбрана, информираат од владината прес-служба.

За разлика од помошта која пристигнува од земјите-членки на НАТО, во ЕУ засега има проблем со Унгарија, која денеска најави дека ќе ја блокира помошта за Украина во вредност од 18 милијарди евра. ЕУ ќе направи дополнителни напори за Украина да ја добие финансиската помош откако Унгарија стави вето. Многумина во ЕУ сметаат дека ваквиот потег на Виктор Орбан е обид за да се изврши притисок да се одмрзнат финансиските средства за Унгарија во висина од 13 милијарди евра, за кои официјален Брисел напомена дека ќе бидат исплатени доколку Унгарија исполни јасни реформи претходно, пишува Гардијан.

Инаку, нов напад на дрон врз аеродром на руска територија се случи денеска, при што дошло до пожар во складиштето на нафта, пишува Гардијан. Жртви во нападот нема, но пожарот зафатил површина од 500 квадратни метри, а самиот град Курск е оддалечен на околу 280 километри од украинско-руската граница. Русија ја обвини Украина за денешните и вчерашните напади, а доколку ова се покаже како точно, тогаш ова е прв пат Украина да успее да изведе напади подлабоко на руската територија, со цел да ја оневозможи Русија да продолжи со воената агресија што ја врши на украинска територија.

Русија вчера одговори со ракетни напади на Украина, кои веќе подолг период наназад се насочени кон цивилна инфраструктура, но погодуваат и станбени згради, индустриски објекти и гинат невини цивили кои немаат никаква поврзаност со воени објекти. Ракетни напади од руските сили и денеска се регистрирани врз градот Херсон, како и во населени места во регионите Запорижја и Донецк.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети позициите на украинските сили во источниот дел на земјата, јавува Укринформ. Тој ги посети војниците во градот Славјанск во Донецкиот регион, посочувајќи дека е горд на сите членови на украинските вооружени сили кои ја бранат земјата. Иаку, 6 декември во Украина се одбележува како ден на вооружените сили уште од 1991 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...