fbpx

Лидија Димова: Незнаењето е најголемиот блокатор на европската агенда на земјава

-

Расчистување на случајот на злоупотреба на еден дел на фондовите на ЕУ, кој беше пријавен и во Брисел, би значел дека во земјава фунционира борбата против корупцијата, вели во интервју за „Порталб.мк“, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Таа смета дека објавувањето на овој скандал ќе влијае позитивно врз целата држава, но и врз бројот на корисниците на овие грантови.

Во однос на процесот на зачленување на нашата земја во ЕУ, Димова вели дека процесот на преговори ќе не стави на колосек.

Пред неколку дена објавивте дека дел од финансиските средства на ЕУ наменети за програмата Еразмус, биле злоупотребени од претходната влада? Како го откривте скандалот? Зошто токму сега го објавивте во предизборна кампања?

– Со процесот на воспоставување на одделение за анализа и мониторинг откривме дека голем број на наши корисници одат на мобилности преку осум организации во пет држави во ЕУ. Таквото сознание не натера да се запрашаме на што се должи тоа. Прво, го пријавив случајот во Брисел, а потоа требаше и да го истражам. Истрагата ни покажа дека се работи за добро осмислена шема која функционира на принципот на наместени јавни набавки, што е спротивно на правилата на Еразмус+ програмата. Така истражениот предмет е соодветно пријавен во Јавното обвинителство и во Комисијата за заштита на конкуренција, а сега подготвуваме претставка и за Дирекцијата за заштита на личните потадоци.

Случајот го објавив сега зашто Националната агенција трпи неосновани напади од опозицијата, но и од поединците коишто се директно засегнати кои постојано пријавуваат „злоупотреби“ во Финансиска полиција за да се забошотат работите. Националната агенција, едноставно, нема избор освен да се брани јавно!

Кој конкретно стои зад овие злоупотреби? Дали мислите дека ќе сносат одговорност?

– Поради презумција на невиност, не смеам да именувам никого. Судската власт ќе треба да си ја заврши својата работа. Но, едно сум сигурна – завршница мора да има зашто почнуваат преговори, а во Брисел е пријавен случајот уште од 2018 година. Јас искрено се надевам дека ќе покажеме дека неказнивоста нема да биде одлика на Република Северна Македонија.

Дали ваквите скандали можат да влијаат врз политиката на ЕУ за да прекине или да ги намали средствата за вакви или слични проекти?

– Не! Зошто? Поради неколку причини: Ова е одличен пример за борба против корупција. Случајот е откриен следејќи ги чекорите на системот што е веќе воспоставен од Брисел – што значи дека е потврда дека системот функционира. Ќе влијае благотворно врз целата држава зашто ќе се зголеми бројот на корисници. Имено, досега важела практиката – што помал број на корисници со што поголеми грантови. Јас ја сменив таа практика и сега имаме многу поголема база на корисници, односно што поголем број на корисници со помали грантови заради зголемување на инклузивноста на програмата. Ваквиот приод ги гради капацитетите на многу ентитети во државата, а со тоа и ги подготвува за работа со многу поголеми средства што ќе се добиваат по приемот во ЕУ.

Дали мислите дека надлежните институции во Македонија успешно следат како се трошат европските фондови во земјава?

– Бидејќи сме во процес на пристапување, сега програмирањето, имплементацијата и мониторингот на ЕУ средствата се прават во партнерство со Делегацијата на ЕУ во Скопје. Оттука, има доста добри механизми за соодветно следење на нивната употреба, но и за ефектите од нив.

Поради фактот што сте добар познавач и имате многу искуство со евроинтеграциите во земјата, би сакале да ви поставиме и други прашања. Се очекува Северна Македонија да добие преговарачка рамка, колку земјата е подготвена за почнување преговори за членство во ЕУ?

– Државата не е ни подобра ни полоша од сите други држави кои почнувале пристапни преговори. Но, факт е дека самите преговори ќе бараат дополнително градење на капацитети, и менување на многу навики и вредности. Но, сигурна сум во едно – не очекува долг и напорен пат, но исто така и многу интересен, со многу неизвесности и многу лекции за учење.

Низа закони со ЕУ знаменце беа усвоени од страна на Собранието, но колку реално тие се спроведуваат?

– Сите европски извештаи кажуваат дека не ги спроведуваме законите. Она што не го кажуваат и јавноста не го знае е дека законите еднаш донесени не се завршена приказна. Имено, ако во меѓувреме ЕУ променила некоја директива или регулатива (а ги менува на секои 7 години со донесувањето на седумгодишната финансиска рамка), тогаш ние сме пак на самиот почеток. Оттука, не сум многу сигурна колку дополнителна работа не чека и затоа ни е неопходно потребно функционално Собрание.

Кој според вас, е најголемиот (или повеќе) кочничар на нашата ЕУ Агенда?

– Незнаењето… или да бидам поблага, површното познавање на работите што делумно се должи на образованието, а делумно на политичката реалност. Факт е дека процесот на преговори ќе не стави на колосек, но пред тоа ќе не „исчаши“ од нашата комформна зона!

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...