fbpx

Станавме членка на Креативна Европа, програма на ЕУ со буџет од над 2,4 милијарди евра

-

Северна Македонија стана полноправна членка на програмата на ЕУ Креативна Европа, која што има буџет од над 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година и е наменета за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор.

„Амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021 – 2027)“, информираат од Министерството за култура.

Програмата е усвоена на 28 мај 2021 година од страна на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. „Креативна Европа 2021 – 2027“ се состои од три дела/потпрограми: Култура, МЕДИА и Меѓусекторски дел.

Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизвиците со кои се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор денес. Приоритети на програмата се: заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разноводност и наследство, како и засилување на конкурентноста и на економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор.

„Програмата стреми кон усогласување на овие приоритети со подемот на дигиталните, инклузивните и еколошките политики на Европската Унија во смисла на обезбедување нивна одржливост“, информираат од Министерството за култура.

Буџетот на Европската Унија обезбеден за оваа програма изнесува 2,44 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Финансирањето на Европската Унија во рамки на различните акции на програмата се движи од 80 отсто до 40 отсто, што е потврда за високото учество на неповратни средства и високиот износ на максимални средства за одобрени проекти.

Програмата нуди можност за различни видови поддршка на релевантните сектори и опфаќа многубројни целни групи како потенцијални учесници во проектите (културни и креативни сектори, аудиовизуелен сектор, образовни институции, граѓански здруженија, општини и локални институции, приватни организации и др.).

Импактот што се остварува со резултатите од имплементираните проекти претставува значајна поддршка во развојот на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор на национално ниво. Креативна Европа овозможува максимална транспарентност и видливост на проектите и нивниот импакт.

Програмата на национално ниво се спроведува преку Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура (Потпрограма Култура) и Агенцијата за филм (Потпрограма МЕДИА). Канцеларијата функционира како советодавно и информативно тело за спроведување на програмата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...