fbpx

АД ЕСМ не достави понуда за снабдување со струја на домаќинствата, ќе се јави на следниот повик

-

Државното акционерско друштво Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) и на четвртиот повик не достави понуда за електрична енергија кон ЕВН Хоум, со која треба да се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи за сите 12 месеци од 2022 година. Ќе се распише нов повик, на којшто од АД ЕСМ информираат дека ќе учествуваат.

„Одлуката од Владата на Р. Северна Македоанија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини АД ЕСМ денеска не поднесе понуда. АД ЕСМ ќе се јави на следниот повик на Универзалниот снабдувач кој треба да се однесува на периодот јануари-јуни 2022г.“, се наведува во официјалното соопштение на АД ЕСМ.

Инаку, министерот за економија Крешник Бектеши веќе потврди дека енергетските компании за периодот по 1 јануари 2022 година побарале покачување на цената на струјата, некаде и за 100 отсто, но и додаде дека енергетскиот тим на владата нашол начин цената да не се зголеми за над 10 отсто во наредните шест месеци. Новата цена на струјата би требало да се објави до крајот на годината.

За да не се купува прескапа струја од странство, која би можела да влијае значително на поскапување на сметките за електрична енергија, АД ЕСМ веќе ја стави во функција термоелектраната од РЕК „Осломеј“, додека месецов повторно во функција треба да се вклучи ТЕЦ „Неготино“, за кој се очекува испорака на мазут од 38.000 тони, доволни за производство на струја до средината на јануари. За неговото работење, во јануари ќе се набават дополнителни количини за следните четири месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...