fbpx

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции  

-

Владата на 167. седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

„Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен ден“, се вели во соопштението на Влада.

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...