понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: указ | 30 резултати

Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните за Законот за дивоградбите

15 мај 2021

Во Парламентот повторно ќе дискутираме за Законот за легализација на дивоградби, зашто ако застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50.000 домови на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако вчера претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување […]

Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, очекува процесот да не се политизира

25 јануари 2021

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Како што соопштија од претседателскиот кабинет: „Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист […]

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

12 февруари 2020

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. „На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот. На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.

Заедничките гранични контроли на преминот Табановце – Прешево на чекор до реализација

5 август 2019

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу нашата и српската влада за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. „Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија […]

Пендаровски ги потпиша законите за отворање на два нови гранични премини со Грција

25 јули 2019

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за […]

Претседателот Пендаровски потпиша укази за 21 закон

21 мај 2019

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска […]

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

15 јануари 2019

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот […]

Претседателот Ѓорге Иванов стана фуснота на објавениот Закон за јазици

15 јануари 2019

По долгогодишната практика на некои држави и меѓународни организации при користење на името Република Македонија да додаваат и фуснота во која се објаснува дека Македонија има спор со Грција, која не го признава нејзиното име, и дека во Обединетите Нации земјава се води како Поранешна Југословенска Република Македонија, сега и претседателот на државата Ѓорге Иванов […]

Мицкоски: Објавувањето на Законот за јазици без потпис на Иванов е ново кривично дело

27 април 2018

По изјавите на претседателот на Собранието Талат Џафери дека Законот за јазици ќе го објави во Службен весник, преку социјалните мрежи се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вели дека објавување на Закон за јазици без потпис од претседателот на државата претставува ново кривично дело за кое доколку се случи сега или подоцна, одговорност […]

И по седум дена, Законот за јазиците е во лимбо, ги чека „варијантите“ на Џафери

22 март 2018

По седум дена откако во Собранието на Република Македонија беше изгласан Законот за употреба на јазиците, а претседателот Ѓорге Иванов, одби да го потпише Указот за неговото стапување на сила сè уште е нејасно што и како понатаму. Ваква ситуација не е предвидена со Уставот, кој, иако вели дека претседателот по второто усвојување во Парламентот го потпишува […]

Осум можни сценарија околу судбината на Законот за јазиците

15 март 2018

Вчера со 64 гласа и во тензична атмосфера, на раб на физичка пресметка, беше изгласан Законот за јазиците во трето читање, откако еднаш претседателот Иванов одби да го потпише. Шефот на државата и синоќа во обраќање до јавноста изјави дека „Уставот и совеста не му дозволуваат да го потпише Указот за прогласување на Законот“. Од сите страни стигнуваат реакции […]

Иванов: Уставот и совеста не ми дозволуваат да го потпишам Законот за јазиците

14 март 2018

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во обраќање до граѓаните и пратениците рече дека нема да стави потпис на штотуку усвоениот Закон за употреба на јазиците. Иванов, со остра реторика, говореше за „закон со репресивна содржина, закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство, за противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон, кој не заслужува да се нарече закон“. […]

Владата: Сите одредби од законот за јазиците се усогласени со членот 5 од Уставот

17 јануари 2018

Владата на Република Македонија реагираше на денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во кое тој објави дека решил да не го потпише указот за Законот за јазиците бидејќи е противуставен, го фаворизира албанскиот јазик и се воведува скап паралелизам во државната власт и ќе доведе до блокада и нефункционалност. Владата вели дека законот е ускладен […]

Иванов не го потпишал указот за Законот за јазиците

17 јануари 2018

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево објави дека не го потпишал указот за Законот за јазиците, затоа што e, како што рече, неуставен. – Имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската  и пошироката јавност за противуставноста на овој закон, а […]

Димовски ќе бара од Уставниот суд да го поништи Законот за јазиците

16 јануари 2018

Пратеникот Илија Димовски денеска најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за употреба на јазиците. Тој преку својот фејсбук-профил апелераше до претседателот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за прогласување на законот, а до неговите колеги во Собранието да не гласаат за овој закон кога тој повторно […]

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

11 јануари 2018

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите […]

Путин нареди западните медиуми да се регистрираат како странски агенти

4 декември 2017

Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на Министерството за правда на Русија во посебен регистар да ги заведе  странските медиуми како странски агенти. Указот на претседателот е објавен на официјалниот портал за правни информации. Ресорот има право да решава кој ќе им дава на странските медиуми статус на странски агенти, како и да ги исклучува […]

Суд во Сиетл привремено го блокира указот на Трамп за имигрантите

4 февруари 2017

Федералниот суд на САД во Сиетл синоќа привремено го сопре спроведувањето на указот на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој на државјаните на седум доминантно муслимански држави им се забранува влез во САД. Одлуката на федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, важи за целата територија на САД. Судијата Робарт ја донесе ваквата одлука по жалбата […]

Федералниот суд во Бостон денеска одлучува за указот на Трамп за депортација

3 февруари 2017

Пред Федералниот суд во Бостон денеска треба да почне постапка во која ќе биде донесена одлука за продолжување на привремената забрана за депортација на државјани на седум земји со повеќето муслимански жители, на кои американскиот претседател, Доналд Трамп, пред една недела им забрани влез во САД. Бостонскиот суд во неделата, на барање на Американското здружение […]

Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп

29 јануари 2017

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД. Одлуката била донесена врз основа на тужбата […]

Страна 1 од 2