Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

-

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија.

Тој порачува и дека двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат со политикантство и да почнат да се однесуваат државнички и да постигнат согласност за иднината на СЈО.

-Ова се сериозни обвинувања и сите такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага за овие обвинувања и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е а можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат подготвеност за почитување на владеењето на правото – изјавил Палмер за Гласот на Америка на српски јазик за случајот „Рекет“.

Палмер вели дека е оптимист дека разговорите со ЕУ можат да почнат оваа есен, но дека завршницата на истрагата за Јанева ќе биде клучен фактор за тоа да се случи.

Според Палмер, за почеток на преговорите со ЕУ важно е и донесувањето на Законот за јавното обвинителство, односно постигнување договор меѓу владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и за судбината на СЈО.

-Битно е овие две партии да се сретнат, да преговараат, да ги надминат несогласувањата и да постигнат согласност како ќе се реформира или видоизмени СЈО, на начин што би го напреднал интересите на земјата. Доволно беше политикантство. Заврши времето за политиканство. Сега е време за државништво – порачува заменик-помошник државен секретар на САД.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...