понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Метју Палмер | 23 резултати

Димитров во Скопје со Палмер, Заев во Брисел на проштална вечера кај Могерини

29 октомври 2019

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска пристигнува во Скопје на работна посета, соопшти Министерството за надворешни работи. Палмер ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, a се очекува да разговараат за билатералните односи меѓу земјава и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД […]

Заев и Димитров со Рикер и Палмер: Почеток на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

26 септември 2019

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров  на маргините на 74 – тото Генерално собрание на ОН во Њујорк се сретнале со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, соопшти Владата. На средбата, премиерот Заев истакнал дека Северна […]

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

5 август 2019

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува и дека двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора […]

Заев до Палмер: Многу е важно ЕУ да ни даде датум за преговори во јуни

8 мај 2019

Премиерот Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното собрание на ЕБОР во Сараево, се сретна со заменикот-помошник секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер. Палмер истакнал дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ. […]

Османи – Палмер: Македонија ја очекува поддршката од САД и во периодот што претстои

8 февруари 2019

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи за време на неговата работна посета на Вашингтон, се сретнал со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, во американскиот Стејт Департмент. Тој му посочил на Палмер дека успехот на потпишување на протоколот за НАТО претставува резултат токму на стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија […]

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

5 декември 2018

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за […]

Димитров и Палмер разговарале за новите политички случувања

22 октомври 2018

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во македонското МНР се сретна заменик- помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Македонија. На средбата се разговарало за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Македонија и во регионот. Се зборувало за преговорите […]

Тачи: ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени

22 октомври 2018

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер, во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли „На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Договорот од Преспа, како и за реформскиот процес. Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени […]

Метју Палмер денеска во Македонија

22 октомври 2018

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република […]

Палмер: ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат без страв од закани и одмазда

19 октомври 2018

Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и одмазда, изјави Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум. – Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема „Преспа плус“. Нема подобар […]

Метју Палмер во понеделник во посета на Македонија

19 октомври 2018

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од Американската амбасада на нивните социјални мрежи. „Заменикот помошник државен секретар Метју Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, […]

Палмер: Очекувам дека Русија ќе работи против Договорот од Преспа

12 септември 2018

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар, Метју Палмер во интервју за порталот „European Western Balkans“ изјави дека очекува Русија да работи против Договорот од Преспа. Тој додал дека САД и Русија имаат сосема различни амбиции на Балканот и дека САД ја поддржува „интеграцијата на регионот во ЕУ и евроатлантската структура, владеење на правото, европските норми и хармонијата помеѓу народите“, […]

Палмер: Опозицијата да размисли што нуди Договорот од Преспа

1 август 2018

Метју Палмер, в.д. заменик-помошник на Државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, по денешните средби со Христијан Мицкоски и со премиерот Зоран Заев, упати порака на опозицијата дека треба сериозно да размисли што нуди Договорот со Грција за Македонија. Тој се обрати и до македонскиот народ, дека треба да се искористи моментот за историски […]

Мицкоски на Палмер му се пожалил дека власта избегала од компромис

1 август 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средбата, заедно со партиска делегација, со заменикот-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, порачал дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Македонија „стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба […]

Иванов: Македонија заслужува членство во НАТО без дополнителни услови

1 август 2018

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, потенцирал дека не го прифаќа Договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција бидејќи со него се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на […]

В.Д. заменик-помошникот државен секретар на САД Палмер во Македонија

31 јули 2018

Метју Палмер, Вршител на должноста (В.Д.) Заменик-помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, […]

Ахмети на средба со Палмер: Членството во НАТО е апсолутен приоритет

11 декември 2017

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во амбасадата на САД во Скопје се сретнал со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, како и со американскиот амбасадор, Џес Бејли, соопштија од ДУИ. Ахмети и Палмер разговарале околу политичките случувања во земјата и во регионот, системските реформи, владеењето на правото, […]

Ѓорчев во Стејт департментот информирал за притворите и за политичките случувања

8 декември 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретнал со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, придружуван од Џошуа Луис и од Елејн Хенсл од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот во Вашингтон. „Пратеникот Ѓорчев го информираше соговорникот од Стејт департментот за последните случувања поврзани со бројните притвори, затворања и упади […]

Џафери – Палмер: Судството да води сметка за интересот на државата и за доброто на граѓаните

6 декември 2017

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот, Метју Палмер, во Вашингтон разговараше за актуелните политички случувања во Македонија. Двајцата соговорници, како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, се согласиле дека судската власт треба да е независна и транспарентна во донесувањето на одлуките, но и […]

Страна 1 од 1