недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: датум за преговори | 38 резултати

Османи: ЕУ постигна консензус, сигурно добиваме датум за преговори

март 19, 2020

Сакам да ве информирам за исклучиво, позитивна вест, која вчера доцна вечерта дојде од Брисел, по полноќ, Советот на постојаните претставници (Coreper), во кој членуваат амбасадорите на сите земји-членки на ЕУ, според информациите што ги добивме од таму, постигнаа консензус за одлука за преговори со Република Северна Македонија, безусловна и со безусловно барање за првата […]

Хрватска ги напишала препораките за давање датум на Македонија и Албанија

март 18, 2020

Хрватска, како претседавач со Советот на ЕУ, веќе ги подготви нацрт-заклучоците, кои би требало да бидат усвоени следната седмица на Советот за заеднички работи на ЕУ, односно да им се даде датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, пишува хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“. Според неофицијалните информации пласирани […]

Руска агенција, преку бугарскиот сервис, пука со полувистини и невистини за Македонија

март 1, 2020

Во еден типичен руски наратив на обвинување и напаѓање на Западот, руската новинска агенција „News Front“ на својот сервис на бугарски јазик објави текст под насловот „Во Македонија се насетува револуција која не е во полза на интересите на Западот“ во кој примарно известува за маршот и за другите активности на на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. […]

Димитров: Март е тест за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ

февруари 24, 2020

За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Солун, соопшти МНР. Тој на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос […]

Михаел Рот: Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор

ноември 5, 2019

Западен Балкан останува проба на издржливост за трајниот успех на мирот на европскиот модел. Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор, вели германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот во својата колумна објавена во германскиот весник „Ди Велт“. „Да, мораме да ја реформираме Европската Унија (ЕУ)! […]

ЕП изгласа резолуција за итно давање датум на Македонија и Албанија

октомври 24, 2019

Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија. Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа […]

Француското „не“ ги стопи надежите на македонските граѓани

октомври 18, 2019

Француското категорично „НЕ“за проширувањето на ЕУ и недавањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија на Самитот на Европската Унија, ја одбележа оваа долга недела на неизвесност. Франција остана докрај доследна на ставот „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“, па и покрај тоа што мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни […]

Јункер и Туск: Ова е историска грешка!

октомври 18, 2019

Недавањето датум за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија е грешка, порачаа и Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет и Жан Клод Јункер, претседател на Европската Комисија (во заминување), на попладневната прес-конференција во Брисел, на која соопштија дека Европскиот Совет не донел одлука да се дадат датуми за почеток на преговорите на Македонија […]

Пендаровски: Сега не е време за разочарување, туку за обединување и сериозни реформи

октомври 18, 2019

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на нацијата порача дека сега не е време за разочарување и за ситни политички поени поради тоа што земјава не доби датум за преговори, туку е време за обединување за постигнување на целите. Тој порача дека ги повикал лидерите на најголемите политички партии од власта и опозицијата на лидерска средба […]

Пендаровски ќе се обрати на нацијата

октомври 18, 2019

По очигледниот неуспех на Европскиот Совет да повлијае на францускиот претседател Емануел Макрон да ја смени одлуката и да прифати давање датум за почеток на преговорите за Македонија, шефот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на нацијата во 14 часот. Обраќањето на Пендаровски ќе се емитува во живо на МРТ, на 1-от и на […]

Хан предупреди на ризик од дестабилизација на регионот, со импакт и врз ЕУ

октомври 18, 2019

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на „Твитер“ по неуспехот на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија. „ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот […]

Меркел: Шансите Франција да се согласи за датум не се големи

октомври 17, 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија не се големи, пренесува „Дојче веле“. Во нејзината изјава во германскиот парламент пред денешниот Европски совет во Брисел, Меркел повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и […]

Пендаровски: Не очекуваме сигнал, туку одлука за датум

октомври 15, 2019

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ порача дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Земјата, нагласува тој, за да дојде до таа цел го сменила името, што досега не го направила ниту една друга […]

Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

октомври 14, 2019

Премиерот Зоран Заев e оптимист дека земјава ќе добие позитивна одлука од Европскиот совет на 17 и 18 октомври и ќе биде определен датум за преговори, јави МИА. – Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме […]

Кристијан Тимоние: Да не бидеме заложници на логиката дека на Северна Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок

октомври 7, 2019

Во интервју за порталот „Порталб“, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, зборува за очекувањата на неговата земја од Северна Македонија пред решавачкиот момент за евроинтеграциите, односно очекувањата во средината на месецов земјава да добие датум за старт на преговорите. Францускиот амбасадор во изминатиов период постојано потсетуваше дека реформите мора да бидат видливи и реални […]

Димитров: Ако нема датум во октомври, националистите и популистите ќе зајакнат

септември 16, 2019

Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистичките сили и популистите ќе се зајакнат. Тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, вели министерот за надворешни работи Никола […]

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

август 5, 2019

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува и дека двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора […]

Анализа: Ново одложување на датумот може внатрешно да ги разниша Македонија и Албанија

јуни 25, 2019

Истакнати регионални аналитичари во анализа објавена на „Јуропиан Вестерн Балканс“ предупредуваат дека ново одложување на доделувањето датум за преговори за Северна Македонија и Албанија би имало негативен ефект на внатрешно политичките сцени на двете земји, но и на целиот Западен Балкан. Посебно ако притоа двете земји бидат раздвоени, предупредуваат тие. Според Срѓан Мајсторовиќ, член на […]

Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на преговори

јуни 24, 2019

Одложувањето на пристапните преговори за Северна Македонија беше, не под изговор дека Северна Македонија не ги спроведе реформите, туку главно од процедурални причини, вели премиерот на Грција Алексис Ципрас во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија, ЕРТ3, во врска со заклучоците на ЕУ за нашата земја и објаснува дека оваа одлука се должи […]

Социетас Цивилис: Кредибилитетот на ЕУ пред граѓаните ќе биде ставен под прашање

јуни 19, 2019

Центарот за европски интеграции (ЦЕИ) при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска изрази загриженост за заклучокот на Европскиот Совет да не одреди датум за пристапните преговори со Северна Македонија, порачувајќи дека таквата одлука реално ги влошува состојбите и го нарушува кредибилитетот на ЕУ. „ЦЕИ на ИДСЦС смета дека со одложување на почетокот […]

Страна 1 од 2