fbpx

Заев и Борисов положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

-

Премиерот Зоран Заев, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, по заедничката прес-конференција, придружени од страна на министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева, оддадоа почит и положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Во склоп на оваа посета, премиерите на двете држави, е предвидено да положат цвеќе на споменикот на полковникот Константин Каварналиев во Дојран.

Претходно, на прес-конференцијата во Владата, Заев изрази уверување дека двете земји ќе изнајдат решение за Гоце Делчев, а Борисов побара од Комисиите прашањето да го затворат до октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...