fbpx

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

-

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје – Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ниту од Министерството за внатрешни работи, ниту од Јавното претпријатие за државни патишта, кое стопанисува со патарините, не сакаат да прецизираат за колкава сума станува збор. Оттаму не ја посочуваат ниту бројката на возила кои ја поминале патарината во последните 24 часа.

Судејќи според километарските колони на возила кои вчера можеа да се забележат на потегот од Охрид-Кичево-Гостивар-Скопје, заклучокот е дека станува збор десетици илјади возачи кои вчера платиле патарина движејќи се кон главниот град.

Од ЈП за државни патишта не сакаа да коментираат за синоќешниот грабеж бидејќи велат дека тоа може да и штети на истрагата на МВР. Најавија дека официјално соопштение за висината на пленот што бил украден од разбојниците ќе биде објавено наредниве денови.

Неофицијално дознаваме дека разбојниците не успеале да го земат вкупниот дневен промет од патарината, туку само од неколку кабини.

Грабежот на патарината „Глумово“ доаѓа само еден месец по свеченото отворање на Контролниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата во Петровец. Од овој објект, под постојан видео – надзор се наоѓаат сите наплатни рампи во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...