fbpx

Контраспин: Русија не беше приморана да ја нападне Украина за да се одбрани

Уште на самиот почеток од својата колумна во дневниот весник „Нова Македонија“, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин посочува дека Русија се залага за брз прекин на борбените дејства и изнаоѓање решение преку дипломатијата, на преговарачка маса. И рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати...

Вистиномер: Видео дезинформира дека припадници на Азов баталјонот палат руски војници на крст

Нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото кое кружи на Интернет е старо седум години и не е поврзано со руската инвазија на Украина, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува текст...

Вистиномер: Во Украина не се уништуваат „глобалфашисти“, туку се убива цивилно население и деца

Наспроти бесмисленото тврдење во постот дека „руската војска ги уништува глобалфашистите и нивните послушници“, во војната во Украина што ја започна Русија на 24 февруари, страдаат војници, но и невино цивилно население, а меѓу нив и голем број деца. Според украинските власти досега (02.03.2022)...

Вистиномер: „Веселиот“ руски војник се снимал во 2015, а не во 2022 година

Видеото од овој војник падобранец кое има над 20 милиони прегледи на социјалната мрежа „Тик Ток“, не е снимено годинава, при руската инвазија над Украина. Репортерот на „Ен-Би-Си Њуз“, Бен Колинс, кој се занимава со разоткривање дезинформации, пишува дека ова видео е старо. Истото во...

Вистиномер: ,,Ексклузивното видео” во овој пост не е од руски авион, туку е 10 години стара снимка од Либија

Станува збор за видео кое што Асошиејтед Прес го има објавено на својот Јутјуб канал уште на 19 март 2011 година, а потекнува од Бенгази, Либија. Насловот на тоа видео е „Авион соборен од либиски бунтовници“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Видеото од руски војници кои со падобрани се спуштаат над Харков е старо најмалку 8 години

Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток, а истото го има и на Фејсбук, споделено на страницата „Made in...

Вистиномер: Зеленски не им дал наредба на украинските војници ,,да уништат сè што ќе им дојде на нишан”

Дел од насловите во медиумите каде што се тврди дека украинскиот претседател Зеленски изјавил „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ се неточни, односно тоа е нешто што Зеленски го нема изјавено во својот говор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Путин воопшто не ги спомна Пендаровски и Вучиќ во својот говор

„Вистиномер“ го прегледа говорот на рускиот претседател, Владимир Путин од 24.02.2022 г., објавен на официјалната страница на Кремљ, и во него тој во никаков контекст не ги спомнува македонскиот и српскиот претседател. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Текст насловен: „Путин ги предупреди Пендаровски Вучиќ и балканските...

Вистиномер: Не е вистина дека украинските војници масовно го положувале оружјето

Руското министерство за одбрана објави дека украински војници го положувале оружјето, повикувајќи се на разузнавачки информации. Но, ваквите информации ги демантираат украинските проверувачи на факти. Веста за масовно положување на оружјето од страна на украинските војници е лажна. Такво нешто немало, украинската војска продолжува...

Довербата во медицината како алатка на руското влијание

Претходно воспоставената доверба во советската и руската наука и медицина се користи како средство за политичко влијание, особено поврзано со пандемијата на ковид-19 и вакцините, пишува „Вистиномер' во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и...

Контраспин: Русија се замеша во внатрешните работи на Украина, наспроти тврдењата на Баздникин

Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, тврди дека приоритетот на Русија не е конфронтација, туку обезбедување безбедност и услови за спокоен, просперитетен развој на земјата во мирни услови. Но, фактите го говорат спротивното –  Русија официјално призна постоење на две сепаратистички републики на...

Руска пропаганда е дека земјите од Западен Балкан пратиле „платеници“ да се борат во Украина

Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон им е забрането...

Општина Центар не знае кој ја отстранил таблата со украинскиот град Севастопољ од „руското“ игралиште

Општина Центар не ја отстранила таблата со името на украинскиот град Севастопољ од детското игралиште со руска тематика позади Универзалната сала. Од општината немаат одговор на прашањето кој и зошто ја отстранил таблата со името на украинскиот град што се наоѓаше помеѓу имињата на...

Со измислена изјава се велича моќта на Русија

Прашањата на меѓународната безбедност и воените теми имаат тенденција да привлечат голем интерес кај читателите, поради што често се случува одредени настани или изјави да бидат извадени од контекст, и им се даваат сензационалистички бои. На овој начин, колку повеќе се кликнува на линкот,...

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а...

Вистиномер: Руската пропаганда за време на македонската политичка криза (2015) – дезинформации за „украинско сценарио“

Анализа на дезинформациите и теориите на заговор за „украинско сценарио“, „обоена револуција“ и „македонски мајдан“ со кои руската пропаганда и нејзините локални сојузници во текот на 2015 година наметнуваа наративи за оправдување на руската агресија кон Украина и антидемократските практики на популистичките режими на...

Вистиномер: На видеото не е прикажан воскреснат мртовец, туку руски актер во играна серија

Станува збор за видео сценирано за потребите на руска играна серија. На видеото нема мртовец кој воскреснува, туку тоа е прикажан актерот Андреј Мерзликин како го создава работниот материјал за снимањето на серијата „Здраво повторно!“. Трејлерот за оваа серија  е поставен на каналот „Јутјуб“...

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас - ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на „Макпетрол“ еден килограм метан може да се...

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај Универзална сала

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета таблата со украинскиот град Севастопољ меѓу имињата на руските...

Порталб: Искривена изјава на руски функционер влеа страв за „голема војна“

Конфликтите на големите сили, особено заканите од војна се секогаш медиумска тема која ги погодува читателите и носи многу кликови. Од друга страна, ако таквите информации се сензационалистички, непоткрепени со аргументи, пренесени погрешно и хиперболизирани му штетат на квалитетното новинарство. Во текстот што го...

Претседателот на Иран загина во хеликоптерска несреќа

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, потврдуваат иранските медиум, а пренесуваат Би-Би-Си и Гардијан. Во трагедијата загинаа сите патници, меѓу кои беше и министерот за надворешни...