fbpx

Вистиномер: Видеото од руски војници кои со падобрани се спуштаат над Харков е старо најмалку 8 години

-

Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток, а истото го има и на Фејсбук, споделено на страницата „Made in Russia“ на 18 септември 2016 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Видео снимка од наводно илјадници руски војници кои се спуштаат со падобрани над украинскиот град Харков се појави на социјалните мрежи. Видеото за кратко време стана многу вирално, а го презедоа и дел од македонските портали (тука и тука). Според објавеното, освен со тенкови, авиони и со хеликоптери, руските војници со падобрани слетувале на украинска територија.

Нашата проверка покажа дека станува збор за видео старо најмалку 8 до 10 години. 

На социјалната мрежа Твитер се појави чудесно видео на кое се гледа како небото над Украина е начичкано со падобранци, а на прв поглед, ако се земе предвид формата на падобранските крила, целата таа слика наликува на море преполно со медузи, стои во написите.

Снимката од корисникот на Твитер која ја презеле нашите портали е тргната, но истата може да се погледне тука. Таа исто така стана вирална и на Јутјуб (тука, тука, тука).

Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток.

 

Истото видео го најдовме и на Фејсбук, споделено од Фејсбук страната Made in Russia на 18 септември 2016 година. Според објавата, видеото е направено во 2014 година.

Од сето ова можеме да заклучиме дека видеото за кое се тврди дека прикажува илјадници руски падобранци кои слетуваат над Харков, нема никаква врска со нападот на Русија на Украина, кој почна на 24 февруари 2022 година.

Не е точно дека момче било отруено со дрога во пијалак во кафуле

Официјалниот став на МВР е дека смртта настанала поради повреди од пад од висина. Токсиколошката анализа во моментот на објавувањето на овој текст не е готова. Професорката Виолета Ачкоска...
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free
download mobile firmware
Download WordPress Themes Free
lynda course free download