МСУ издаде публикација за бруталистичката архитектура на Скопје

Извор на фотографија: МСУ

Музејот на современа уметност-Скопје (МСУ) ја издаде публикацијата „Балкан Брутализам #Скопје“, која што има за цел да го надгради знаење за бруталистичкото наследство на главниот град, информираат од МСУ.

Публикацијата е резултат на двокомпонентиот проект „99 фајлови“, во чии рамки се врши критички и концептуален преглед на 15 објекти изградени по земјотресот во 1963 година.

„На публикацијата и претходеше изложба во Музејот на современата уметност-Скопје во 2018 година, со колекција од цртежи, фотографии, видеа и текстови, добиени од меѓународен повик, а инспирирани од бруталистичката архитектура во Скопје“, информираат од МСУ.

Публикацијата е издадена во соработка со италијанската истражувачка лабараторија „Landscape in progress“ при Универзитетот Медитеранеа од Реџо, Калабрија, Италија, под водство на проф. д-р Марина Торнатора и соработникот д-р Благоја Бајковски.