понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Музеј на современа уметност | 32 резултати

„Годар: Човекот-филм“ вечерва ќе се прикажува во Музејот на современа уметност

мај 19, 2023

Филозофскиот филмски фестивал информира дека вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“, како најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. „Годинешниот фокус на фестивалот е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. […]

Изложба „Пејсаж на вознемиреност“ на 9 март во Музеј на современа уметност

март 6, 2023

На 9 март во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“, која се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици. Тема на изложбата се промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење […]

„Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ – вечерва се отвора самостојната изложба на Дритон Селмани

ноември 4, 2022

Во Музејот на современа уметност – Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложна „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на Дритон Селмани од Косово. Селмани е еден од тројцата наградени автори за најуспешен автор и дело на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници. Куратори на поставката се Владимир Јанчевски, Ива […]

Утре МСУ – Скопје започнува со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина

ноември 3, 2022

Од утре, со работилница во Велес, Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот насловен „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Проектот, како што велат од МСУ, се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои водат кон итни состојби преку екстремните временски […]

На 8 ноември се отвора годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

ноември 2, 2022

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common), која се организира во рамки на 14. Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста, ќе биде отворена во Музејот на современата уметност – Скопје на 8 ноември, во 20 часот, а ќе трае до 20 февруари 2023 година. […]

Светски познати уметници бираат дела од Музејот на современа уметност за изложба во Кунстхале, Виена

октомври 6, 2022

На почетокот на следната година, во престижниот изложбен простор Кунстхале во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни за првпат ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност-Скопје (МСУ). „Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават […]

„Ретро: телесни перспективи“ – изложба за премолчените телесни аспекти на жената утре во МСУ

септември 22, 2022

Мултимедијалната изложба „Ретро: телесни перспективи“ од уметницата Јана Јакимовска ќе биде отворена утре во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) – Скопје. „Ретро: телесни ретроспективи“ е поглед фрлен наназад кон самата себе како човечко суштество, општествено битие, жена, мајка, уметница. Во фокусот на изложбата е телото, но како метафора за човечкото, профаното, нелагодното: […]

Полските критички уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер ќе работат на „Отворено студио“ во МСУ

јуни 23, 2022

Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните полски и европски уметници од својата генерација, следниот месец ќе бидат гости на Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје. Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот […]

Утре започнува „На работ на климатската катастрофа“ – конференција за иницирање промена во креативните размисли

мај 19, 2022

Во Музејот на современа уметност утре (20 мај) и сабота (21 мај) ќе се одржи конференцијата „На работ на климатската катастрофа: култура, екологија и креирање политики во 21 век“. Идејата за конференцијата е таа да претставува вид платформа на која теоретичари и практичари од различни сфери ќе дискутираат и споделуваат знаење за возможните начини на […]

Со документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ започнува 12 издание на Филозофскиот филмски фестивал

мај 13, 2022

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ)  започнува утре со документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ кој ќе се прикажува во 12 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Инаку главната програма на 12 издание фестивалот ќе се прикажува оди од 1-9 јуни. Документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ е приказна за незавршената биографија на Макс Ауб, посветена […]

Изложба на карикатури „На тенок мраз“ од Лазо Плавевски во сабота во МСУ

април 14, 2022

Музејот на современата уметност – Скопје ја најавува изложбата на карикатури „На тенок мраз“ од истакнатиот карикатурист Лазо Плавевски, која ќе биде отворена во сабота (16 април) со почеток во 12 часот во просториите на музејот. „Изложбата го прикажува творештвото на Плавевски настанато во последните седум години. Станува збор за карикатури коишто тој од 2015 […]

Во сабота се отвора изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“ во МСУ – Скопје

март 31, 2022

Во сабота, на 2 април, со почеток во 12 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се отвори изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“. Станува збор за поставка чиј начин на претставување се негува уште од 1963 година, а на која ќе бидат изложени дела што музејот ги има добиено по пат на откуп […]

МСУ издаде публикација за бруталистичката архитектура на Скопје

март 2, 2022

Музејот на современа уметност-Скопје (МСУ) ја издаде публикацијата „Балкан Брутализам #Скопје“, која што има за цел да го надгради знаење за бруталистичкото наследство на главниот град, информираат од МСУ. Публикацијата е резултат на двокомпонентиот проект „99 фајлови“, во чии рамки се врши критички и концептуален преглед на 15 објекти изградени по земјотресот во 1963 година. […]

Музејот на Современа Уметност стана член на глобалната мрежа експерти од музејската дејност – „CIMAM“

јануари 17, 2022

Музејот на Современа Уметност во Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност (CIMAM) во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. „Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот“, изјави директорката […]

Музејот на современа уметност ја збогати збирката со нови донирани дела од странски уметници

јануари 12, 2022

Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ подарија уметнички дела на Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, со што нивната уметничка колекција е збогатена со уште неколку значајни дела. „Светски познатите уметници се свесни за значењето на нашиот музеј, затоа и донираат свои дела. Музејот […]

Промоција на книга во МСУ како завршен дел од годинешниот АКТО фестивал

декември 17, 2021

Во недела, на 19 декември ќе се одржи последниот настан од овогодинешниот 16. АКТО фестивал за современи уметности со промоција на книга во Музејот на Современа уметност во Скопје. Промоцијата на публикацијата насловена „Уметност во рамки на политички борби. Солидарна уметничка практика во Тирана и Скопје“ и дискусијата наменета за неа ќе започнат во 12 […]

„Се што ни е заедничко“ – меѓународна изложба во сабота во МСУ

декември 16, 2021

Во сабота, на 18 декември во Музејот на современа уметност во Скопје се отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. На оваа изложба од мултимедијален тип ќе бидат изложени дела од 11 меѓународно признати уметници: Францис Алис од Белгија, Марва Арсаниос, Шерон Хејс, Артур Џафа и Ву Цанг од САД, Хива К од Ирак, […]

Во четврток започнува Летното кино во МСУ, четири месеци филмски проекции под отворено небо

јуни 15, 2021

На 17-ти јуни (четврток), во 21 часот, започнува со работа Летното кино во Музејот на современа уметност (МСУ), во чии рамки публиката во наредните четири месеци под отворено небо над градот ќе има можност да проследи десет креативни документарни филмови, информираат од МСУ. „Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе, не носат само […]

Се одржа јубилејното 10-то издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2021

мај 31, 2021

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени во саботата беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од Музејот на современа уметност (МСУ), додека пак странските говорници се […]

Утре се одржува десеттото издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE

мај 28, 2021

На 29 мај (сабота) на платото на Музејот на современа уметност, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи десетото јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE. Десетта година по ред ENGAGE ќе обезбеди платформа за собир на домашни и странски активисти, поединци и заедници кои се залагаат за општествени промени, информираат од Радио МОФ. Јубилејното издание на […]

Страна 1 од 2