fbpx

„Шарената револуција“ побара граѓанскиот сектор да се вклучи во преговорите

Не веруваме во пржинскиот модел на преговори зад затворени врати, без граѓаните да знаат што се случува, изјави студентот Демијан Хаџи-Ангелковски пред Собранието, каде што беа собрани демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тој го повтори барањето граѓанскиот сектор да биде вклучен во преговорите...

Комбито на „Шарена револуција“ сопрено, па пуштено од полицијата

Комбито на „Шарена револуција“, кое го возеше пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, беше сопрено од полицијата откако за време на денешниот протест на „Шарената револуција“ ги испрати демонстрантите до Собранието и продолжи да се движи по булеварот Кочо Рацин. Откако полицајците го застанеле комбито, ѝ наредиле на...

Со ребалансот, повеќе пари за Уставен суд, МВР и за Агенција за разузнавање

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенција за разузнавање. Така, на пример, во буџетот за 2016 година предвидените средства...

Заев: СДСМ е подготвен за избори, а јас за иден премиер

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за избори, вели лидерот на опозициската партија, Зоран Заев, во интервју за „Радио Слободна Европа“ и додава дека ако народот одлучи да му ја даде поддршката, тој „секако ќе ја зграпчи честа“ да биде иден премиер на државата. „Ние...

„Шарената револуција“ најави нов протест в понеделник во 19 часот

„Шарената револуција“ за понеделник најави нов протест, кој ќе почне пред заградата на Специјалното јавно обвинителство во 19 часот. Од „Шарената револуција“ во најавата, објавена на нивниот официјален фејсбук-профил, велат дека борбата за правда продожува и дека се вклучуваат во решавањето на кризата. „Правдата е под...

Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот

Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието. Министерот за финансии, Кирил Миноски, вечерва на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти...

Иванов за Брексит: Страв ни е ЕУ да не тргне по патот на Југославија

Со загриженост ја примивме пораката за тоа што денеска се случи во Велика Британија, пред сè, бидејќи сите наши стратешки определби се насочени кон Европската Унија, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, при денешната посета на Министерството за внатрешни работа. Иванов рече дека Европа сега...

„Сега шу праиме?!?“, му твитна Јанкулоска на британскиот амбасадор Гарет

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска преку свои објави на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се потсмева со одлуката на Велика Битанија за излегување од Европската Унија. „Сега Шу праиме?!?“, му твитна таа на амбасадорот на Велика Британија...

Велика Британија ја напушта Европската Унија

Граѓаните на Велика Британија на вчерашниот референдум изгласаа земјата да излезе од Европската Унија, покажуваат прелиминарните резултати. Нецелосните резултати од четири петини од избирачките места покажуваат дека 52 отсто од Британците гласале за излегување од ЕУ, наспроти 48 отсто за останување. Останува да се...

Коцијанчич по одлуката на СДСМ: Секоја партија си е одговорна за своите потези

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изреагира на одлуката на опозициската партија СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО. - Партиите се самите одговорни да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот...

Коцијанчич за говорот на Иванов: Сите да се воздржат од мешање во работата на СЈО

Европската комисија денеска ги повика политичките лидери и другите државни институции да го почитуваат и да не се мешаат во работата на Специјалното јавно обвинителство. - Сите треба да се воздржат од мешање во работата на Специјалното јавно обвинителство, кое е задолжено за воспоставување на...

СДСМ го замрзна учеството во Собранието

СДСМ и нивните коалициски партнери ја замрзнуваат работата во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој ги повика и другите пратеници да не учествуваат во работата на Собранието затоа...

Јанкулоска: Сосема сум спокојна, истрагите на СЈО се нарачка од СДСМ

Сосема сум спокојна бидејќи немам направено никакво кривично дело и во целокупниот период додека бев на функција во Министерството за внатрешни работи, работев професионално, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по распитот пред судија на претходна постапка. Распитот на Јанкулоска, која е третоосомничена...

Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“. Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за...

Иванов се пофали дека спречил судири и распали по Заев, Ахмети, СЈО, НВО и по странците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во обраќањето до нацијата порача дека не планира да поднесе оставка и покрај барањето на опозицијата за негов импичмент поради аболицијата што ја продлабочи кризата. Во досега најострата критика за опозицијата, Специјалното јавно обвинитество, граѓанскиот сектор и за „партнерите“, Иванов...

Иванов во 18.45 часот пак ќе ѝ се обрати на нацијата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од кабинетот на претседателот. Во соопштението не се наведува темата за која претседателот ќе се зборува во 18.45 часот. Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци....

Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава. Предлогот за одложување на расправата за некоја...

Коцијанчич: Следните недели се клучни за Македонија

Брисел денеска повторно ги повика македонските политички лидери да седнат на преговарачката маса и да создадат услови за веродостојни избори и истакна дека следните недели се клучни за европската иднина на Македонија. - Советот за надворешни работи вчера разговараше за ситуацијата во поранешната југословенска Република...

Преговoрите за преговори тапкаат во место, партиите водат тешка рововска битка

Нема изгледи и најави за обновување на прекинатите „преговoри за преговори“ од кои се очекуваше да ги седнат на маса лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино. Нема ниту иницијатива за нови консултации ниту, пак, средби на пониските партиски ешалони. Од преговорите,...

Коѕиас ја бранел Македонија од ЕУ-санкции во Луксембург?

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, остро се противел на идејата за европски санкции за Македонија на вчерашниот Совет на министри за надворешни работи на ЕУ. Според Коѕиас, ЕУ нема да ѝ помогне на Македонија преку санкциите и јавните притисоци, туку со дејствување преку подипломатски канали...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...