fbpx

„Шарената револуција“ најави нов протест в понеделник во 19 часот

-

„Шарената револуција“ за понеделник најави нов протест, кој ќе почне пред заградата на Специјалното јавно обвинителство во 19 часот.

Од „Шарената револуција“ во најавата, објавена на нивниот официјален фејсбук-профил, велат дека борбата за правда продожува и дека се вклучуваат во решавањето на кризата.

„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со „Шарена револуција“ в понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да поминува пред очите на граѓаните!
Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стои во најавата за протестот в понеделник.

Последниот протест организиран од активистите и од поддржувачите на граѓанското движење „Потестирам“ и на „Шарената револуција“ се одржа во понеделникот оваа недела. Овој протест беше еден од најмасовните досега и на него учествуваа неколку десетици илјади граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...