fbpx

Со ребалансот, повеќе пари за Уставен суд, МВР и за Агенција за разузнавање

-

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенција за разузнавање.

Така, на пример, во буџетот за 2016 година предвидените средства за Уставен суд се 35.945.000 денари, а со предлог-ребалансот таа сума изнесува 36.645.000 денари.

Во буџетот за 2016 година, предвидените средства за Агенцијата за разузнавање се 180.105.000 денари, а со новиот предлог-ребаланс предвидени средства за оваа институција се 206.106.000 денари. Тоа е зголемување за 26 милиони денари , односно речиси за половина милион евра.

Повеќе пари се предвидени и за МВР.  Со буџетот за 2016 година таа сума е 10.823.790.000 денари, а со предлог-ребалансот  11.089.290.000 денари.

На Државната изборна комисија буџетот ѝ е намален за околу 400 милиони денари, па од предвидените  531.375.000, со предлог-ребалансот таа сума е намалена на 103.875.000 денари.

Скратени се и средствата за Владата, па од предвидените 1.491.628.000 денари, со предлог-ребалансот предвидени се 1.295.528.000 денари.

За Собранието се предвидени пет милиони денари помалку средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...