fbpx

Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

-

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“.

Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Судијката повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазливост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.

„Жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г., кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14 јуни 2016 година, со кое предлогот за определување мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка. Во однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. исто така опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14 јуни 2016 година со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување“, стои во соопштението на судот.

Оттаму посочуваат дека против решенијата на Кривичниот совет не е дозволена жалба.

Судијката на претходна постапка, Александра Поп-Стефанија, претходно ги отфрли барања на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО за предметот „Тврдина“.

Од СЈО тогаш одговорија дека станува збор за одлука во која има апсурдни и нелогични тврдења.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...