„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита

-

Три жени станаа камшик за политичката елита и хероини на улични протести кои секојдневно се одржуваат во малата балканска земја Македонија, а некои ги нарекуваат Чарлиевите ангели на земјата, се вели во опширната анализа на британскиот „Би-би-си“ за политичката криза во Македонија.

Според „Би-би-си“, Јанева сега, можеби, е најславната жена во земјата и е ставена на главната сцена во турбулентната поранешна југословенска република. Нејзината нова работа е да ги истражи тврдењата за злоупотреба и за корупција кои произлегоа од огромниот скандал со прислушувањето.

„Јанева, жена со лелеава коса и со широка насмевка, обично е придружувана од две помлади заменички. Ленче Ристовска е славјанка, а Фатиме Фетаи припаѓа на албанското малцинство кое сочинува четвртина од популацијата во Македонија. Заедно, тие се моќен симбол на заедништво во земјата, која сè уште е полна со меѓуетнички тензии и која беше на раб на граѓанска војна во 2001 година. Ристовска е кул, прибрана и русокоса со леденосини очи, а Фетаи, со катран црна коса и со црвен кармин, е славна поради нејзината огнена реторика. Некои го нарекуваат триото „македонските Чарлиеви ангели“ по тешката, но гламурозна борба против криминалот како во филмови и во ТВ-серии“, пишува „Би-би-си“.

Анализата додава дека ако специјалните обвинители не опстојат, постои опасност од поголем кофликт.

„Ако специјалните обвинители не опстојат, некои стравуваат дека балоните со боја може да бидат заменети со друго оружје – во земја со слаби институции и со мало искуство од демократија која е на фронтовата линија на европската бегалска криза“, заклучува „Би-би-си“.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...