петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: распит | 88 резултати

Јанакиески и Ристовски во притвор, Вељаноски го спаси пратеничкиот имунитет

21 февруари 2019

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, од вчера се во притвор, додека поранешниот претседател на Собранието, […]

Панчевски на распит во обвинителтво, осомничен е за две кривични дела

20 септември 2018

Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје. Тој се товари за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба. Поканата за […]

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО за „МПМ“

13 септември 2018

Поранешните први луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим и Јана Станисављева, се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јави „Сведок“. Двајцата треба да дадат исказ во рамки на истрагата за бројни злоупотреби во МПМ, што ја води ова обвинителството откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство. Компанијата беше издавач на […]

Прв распит кај обвинител на притворените за претепувањето на Никола Саздовски

11 јули 2018

На однапред договорен термин во Скопското обвинителство, за насилство со тешки телесни повреди врз Никола Саздовски кој подоцна почина од повредите, денеска дојдоа на прв распит осомничените двајца Б. Б. (20), С. Д. (21), јави СДК. Ова е првпат тие да дојдат во Обвинителството. Асмир Алилспахиќ, адвокатот на второосомничениот, рече дека тој првпат се гледа […]

Судот им одреди притвор на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски

5 декември 2017

Кривичниот суд по денешниот распит, попладнево им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор. Мукоски, Арнаудов и Василевски попладнево, со полициска придружба, беа изнесени од задниот влез на Кривичниот суд и […]

Мукоски: Нема основа за судот да ни додели притвор

5 декември 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, на доаѓање во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка, рече дека нема основа за судот да му одреди притвор. – Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени и да го каже последниот збор – рече кратко Мукоски и додаде дека редовно се јавувал во судот и […]

Пратениците Тарчуловски и Пешевска дојдоа на распит во Кривичниот суд

5 декември 2017

Во Основниот суд Скопје 1 утрово на распит пред судија на претходна постапка пристигнуваат шесте пратеници кои се осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април годинава. Досега пристигнаа пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Жаклина Пешевска. Пред Кривичниот суд се и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Крсто Јовановски и Зоран […]

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

16 август 2017

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека […]

По два часа распит во СЈО, Мијалков замина без да даде изјава

16 јуни 2017

Два часа траеше распитот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство, но и понатаму е непознато за кои случаи тој беше повикан денеска да даде исказ. По излегувањето од просториите на СЈО, Мијалков не сакаше да даде изјава за медиумите, а за тоа за што е повикан упати на одговор во […]

Мијалков пристигна на распит во СЈО

16 јуни 2017

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде, најверојатно, треба да даде исказ за некои од случаите за кои го гони СЈО. Мијалков пристигна околу 13 часот придружуван од адвокатот Љупчо Шврговски, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да влезе во просториите на […]

Груевски денеска во СЈО, продолжува распитот на осомничените во „Талир“

12 јуни 2017

Денеска околу пладне во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да продолжи распитот на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени во случајот „Талир“, меѓу кои е и лидерот на партијата, Никола Груевски. Покрај Груевски, кој е првоосомничен во случајот, од СЈО покани им се испратени и исказ треба да дадат и пратеникот Илија Димовски, Кирил Божиновски и […]

Гужва пред СЈО: Јанакиески, Димитриев, Рангелова и Ременски дојдоа, на ред се Груевски, Димовски…

9 јуни 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени. Димитриев во СЈО се задржа околу еден час, а беше придружуван од адвокатот Никола Додевски., кој е бранител на […]

Сеад Кочан дојде на распит во СЈО за „Труст“

5 јуни 2017

Првоосомничениот за случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ. Кочан во СЈО пристигна со својот адвокат Никола Додевски. Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Ова […]

Напаѓачот на Шекеринска, на распит во Обвинителството

7 мај 2017

П.А., кој ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шекринска, во Собранието, за време на инцидентите на 27 април, синоќа беше на распит во Обвинителството. „Откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес-конференција, со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И., а воедно се туркал со вработени од обезбедувањето. По завршување […]

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори нов случај, јас сум таргет на Зврлевски

17 март 2017

Секојпат кога Специјалното јавното обвинителство ќе отвори нов случај, Зоран Заев е таргет на Републичкото јавно обвинителство, изјави лидерот на СДСМ по денешниот „распит“ во ОЈО Скопје. Заев во обвинителството се задржа околу половина час и, како што изјави по излегувањето, денеска нему и на неговиот адвокат, Ване Андреев, им биле усно презентирани сомневањата за […]

Заев пристигна во ОЈО на распит за изборни нерегуларности

17 март 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, точно напладне пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде треба да даде исказ во врска со истрагата што се води против него за изборни нерегуларности. Заев во обвинителството дојде заедно со неговиот адвокат, Ване Андреев. Тој не даде изјава и најави дека по завршувањето на распитот, ќе излезе со коментар […]

Заев денеска на распит кај Зврлевски за изборни нерегуларности

17 март 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот е повикан на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со истрагата за злоупотреба на пари во изборна кампања, пренесуваат медиумите. Покрај Заев, според информациите во медиумите, на распит се повикани уште неколку раководни лица во партијата. Од СДСМ потврдија дека поканата од Јавното обвинителство пристигнала […]

По три часа распит, Кочан си замина – најверојатно нема притвор

2 март 2017

Три часа траеше распитот на бизнисменот Сеад Кочан, пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Тој, заедно со Василије Авировиќ и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори во вторникот. Зградата на судот Кочан ја напушти од споредниот источен влез и не сакаше да […]

Осомничените во „Труст“ денеска на распит во Кривичен суд

2 март 2017

Денеска попладне, околу 13 часот, во Кривичниот суд во Скопје на распит треба да се појават двајца од тројцата осомничени во случајот „Труст“, за кои Специјалното јавно обвинителство бара судот да им одреди мерка притвор. Барањата за притвор СЈО ги поднесе пред два дена, а двајцата осомничени дури денеска ќе се појават на распит во […]

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

1 март 2017

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на […]

Страна 1 од 5