fbpx

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори нов случај, јас сум таргет на Зврлевски

-

Секојпат кога Специјалното јавното обвинителство ќе отвори нов случај, Зоран Заев е таргет на Републичкото јавно обвинителство, изјави лидерот на СДСМ по денешниот „распит“ во ОЈО Скопје.

Заев во обвинителството се задржа околу половина час и, како што изјави по излегувањето, денеска нему и на неговиот адвокат, Ване Андреев, им биле усно презентирани сомневањата за кои обвинителството ги товари него, уште раководно лице од неговата партија и СДСМ како правен субјект.

Лидерот на СДСМ појасни дека било договорено в среда следната недела, тој и неговите адвокати пак да дојдат во обвинителството за да извршат увид во доказите, за да можат потоа да дадат своја одбрана.

Како што изјави Заев, обвинителството ги сомничи за злоупотреби во изборната кампања за 2016 година, а покрај него осомничен е и раководител на сектор во СДСМ и партијата СДСМ како правно лице.

– Овде сме да ја докажеме нашата невиност преку почитување на институциите во една законска постапка. Апсолутно нема никакви нерегуларности во начинот на кој СДСМ ја има организирано и спроведено изборната кампања, а тоа го потврди и ревизорскиот извештај, од кој не произлегуваат никакви сомневања – рече Заев.

Тој изјави дека од 2008 година против него власта постојано води разни кривични постапки, кои во овој период се решаваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...