понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: распит | 88 резултати

ОЈО Скопје потврди дека води истрага против политичка партија за изборни нерегуларности

февруари 13, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје отворило постапка против „едно лице – организатор на изборна кампања и други лица“, како и против правно лице за кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Во соопштението на Јавното обвинителство не е конкретно наведено за кои лица станува збор, но извесно е дека се работи за политичка […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

февруари 9, 2017

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата […]

СЈО: Јанкулоска беше повикана на распит за „Титаник“

февруари 6, 2017

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничена во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека Јакулоска денеска побарала увид во доказите, поради што, додаваат од СЈО, таа „повторно ќе биде повикана на распит за истиот предмет […]

Јанкулоска: СЈО е секогаш тука кога СДСМ треба да постигне некаква цел

февруари 6, 2017

„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се повразни со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некаква цел“, изјави денеска поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на […]

Јанкулоска на распит во СЈО, засега не се знае за кој случај

февруари 6, 2017

Пoранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утрово во 10 часот се појави на сослушување во Специјалното јавно обвинителство, но оттаму ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Засега не е познато за кој случај Јанкулоска е повикана на сослушување во СЈО. За поранешната министерка за внатрешни работи и за висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ […]

Продолжува распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

ноември 15, 2016

Шведската државна обвинителка Ингрид Исгрен пристигна во амбасадата на Еквадор, каде ќе продолжи со испитувањето на основачот на „Викиликс“, Џулиен Асанж, во врска со истрагата за силување. Сослушувањето на Асанж поради наводните силувања во Шведска почна вчера, а неговиот адвокат, Пер Самуелсон, наведе дека нема сомнеж оти неговиот клиент е невин. Обвинение против Асанж за […]

Почна распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

ноември 14, 2016

Во амбасадата на Еквадор во Лондон почна сослушувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во врска со обвиненијата за силување во Шведска во 2012 година. На првиот ден, сослушувањето е спроведено во присуство на обвинител од Еквадор и на шведската обвинителка Ингрид Исгред, задолжена за истрагата, соопшти шведското обвинителство. Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон, изјави […]

Мијалков си го задржа пасошот, за судијката Јосифовиќ барањето на СЈО е неосновано

ноември 4, 2016

Судијката Елена Јосифовиќ го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно да им се одземат пасошите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, осомничени во случајот „Трезор“. „Постапувајќи […]

Судот потврди: Дополнително ќе решиме за пасошите на Мијалков, Јакимовски и на Стајковиќ

ноември 3, 2016

Кривичниот суд попладнево потврди дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, денеска биле на распит и дале исказ за случајот „Трезор“ на СЈО, во кој тројцата се осомничени. Специјалното јавно обвинителство бара од судот на тројцата да […]

Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

ноември 3, 2016

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска точно напладне се појави во Кривичниот суд Скопје, каде, според информациите, треба да даде исказ за случајот „Трезор“ на СЈО во кој тој е еден од осомничените. Мијалков во судот влезе од споредниот источен влез, придружуван од […]

Канческа-Милевска денеска на распит во суд за случајот „Тендери“

октомври 28, 2016

Двајцата осомничени во случајот „Тендери“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара да им бидат одземени пасошите и секоја недела да се јавуваат пред службено лице во судот, денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ извори од Кривичниот суд. Меѓу осомничените е и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е […]

Кривичен суд: Се прават спектакли со канењето на сослушување на осомничени од СЈО

октомври 25, 2016

Во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува, велат од Основниот суд Скопје 1. „Во однос на повеќе новинарски прашања што беа упатени до судот во врска со повикување на […]

Што се случува со поканите за распит и со пасошот на Канческа-Милевска?

октомври 25, 2016

Раководното лице во Министерството за култура и уште еден осомничен во случајот „Тендери“ досега не се појавија на распит во Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство уште во четвртокот минатата недела, побара од судот да им ги одземе пасошите и да им наложи еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице. Неизвесно останува дали двајцата […]

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

октомври 21, 2016

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè […]

Судот го добил барањето на СЈО за „Тендери“, неизвесно е дали денеска ќе има распит

октомври 21, 2016

Кривичниот суд во Скопје го добил предлогот со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара на двајца осомничени во случајот „Тендери“ да им бидат одземени пасошите и секој вторник да се јавуваат во судот, информираат од оттаму за „Мета“. Барањето на СЈО веќе било распределено кај судија на претходна постапка, кој, како што велат од судот, […]

Осомничениот од „Трезор“ треба да се појави на распит за притворот

септември 29, 2016

Денеска судија на претходна постапка треба да го повика осомничениот од случајот „Трезор“ за кој  Специјалното јавно обвинителство бара да му се одреди мерка притвор да се појави на распит во Основниот суд Скопје 1. На распитот треба да присуствува и обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кој треба да образложи зошто се бара мерката притвор. По […]

Канческа-Милевска: Бев повикана како сведок и потврдив дека работиме законски

август 29, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска била повикана во својство на сведок во Специјалното јавно обвинителство, потврди таа по распитот, кој траеше околу три и пол часа. Таа кусо изјави дека има можност да го потврди и да го истакне законското работење на Министерството за култура. Во текот на денешниот распит, Канческа-Милеска не сакаше да каже други […]

Канческа-Милевска на распит во СЈО

август 29, 2016

Денеска, точно напладне, во Специјалното јавно обвинителство дојде министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Официјално, не се знае за кои случаи министерката ќе дава исказ во СЈО, но се шпекулира дека станува збор за проектот „Скопје 2014“. За овој случај, претходно во СЈО даваше исказ градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на распит беше и […]

Камчев излезе од СЈО и побегна од новинарите

август 29, 2016

Претпладнево, околу 11 часот, од зградата на Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев. Тој зградата ја напушти брзо, без даде изјава на новинарските екипи, кои од утрово се пред зградата на СЈО во исчекување кој следен ќе се појави на распит во обвинителството. Засега нема официјални информации дали Камчев бил на распит во СЈО […]

Неделава нема распити во СЈО, од понеделник пак серија со „значајни личности“

август 24, 2016

До крајот на оваа работна недела во Специјалното јавно обвинителство нема да има распити на лица, кои изминатиов период беа повикувани било во својство на сведоци, било како осомничени, а „зголемената фреквенција“ на луѓе ќе продолжи од понеделник следната недела, кога, како што дознаваме, се очекуваат „значајни личности“ во СЈО. Ова денеска го потврди и специјалната […]

Страна 2 од 5