fbpx

Сеад Кочан дојде на распит во СЈО за „Труст“

-

Првоосомничениот за случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ. Кочан во СЈО пристигна со својот адвокат Никола Додевски.

Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Ова е прво доаѓање на Кочан во СЈО, бидејќи претходно тој два месеци беше во бегство, надвор од земјава, а по него беше распишана и меѓународна потерница.

Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“, во кој заедно со уште две лица и со фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“ СЈО ги товари дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Кривичниот суд на почетокот на март, на бизнисменот му одреди мерка притвор и распиша потерница против него.

Кочан се врати во земјава кон средината на мај, кога Врховниот суд по барање за заштита на законитоста, поднесено од јавниот обвинител, Марко Зврлевски, ги укина решенијата на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои на Кочан му беше одреден притвор. По повторното одлучување, Кривичниот суд одлучи, овојпат, дека нема основа на Кочан да му биде одреден притвор и го прифати предлогот на одбраната да му биде одредена гаранција од околу 900.000 евра, да му биде одземен пасошот и еднаш неделно да се јавува во суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сајберпанк играта „Ghostrunner“ до утре е бесплатна на „Epic Games“

Играта „Ghostrunner“ со сајберпанк тематика, паркур скокање и прекачување каде играте „уличен самурај” што користи надградена катана и кибернетски импланти, е достапна за бесплатно преземање од „Epic Games“ до...