fbpx

Британската полиција продолжува со апсењата по нападите во Лондон

-

Британската полиција продолжува со новите рации и апсења, но не соопштува колкав е бројот на новоприведените во рамките на истрагата за саботните терористички напади во Лондон, во кои загинаа седум лица.

„Одреден број луѓе се уапсени“, соопшти денеска полицијата.

Шефот на лондонската Метрополитен полиција, комесарката Кресида Дик, за „Би-би-си“ изјави дека полицијата „има големо количество форензички материјал“ кој внимателно се прегледува, откако детално е прегледано комбито што напаѓачите го користеле за нападот на Лондонскиот мост.

Покрај седумте убиени, десетици лица се повредени, од кои 21 се во критична состојба по нападот на Лондоснкиот мост и во Бороу. Тројцата напаѓачи, кои носеле лажни појаси со експлозив, полицијата ги уби осум минути по нападот.

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Комесарката на лондонската полиција наведе дека напаѓачите се идентификувани, но не ги соопштуваат имињата во интерес на истрагата, која, како што рече, напредува брзо.

Полицијата вчера соопшти дека уапсила 11 лица поврзани со нападите во источен Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...