fbpx

Јанакиески и Ристовски во притвор, Вељаноски го спаси пратеничкиот имунитет

-

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, од вчера се во притвор, додека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, по распитот во судот синоќа се повика на пратеничкиот имунитет и замина дома.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) вчеравечер соопшти дека повело постапка против петмина осомничени за случувањата во Собранието на 27 април. Меѓу нив се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски. За нив Вилма Рускоска, првиот човек на  ОЈО-ГОКК ќе бара екстрадиција од Унгарија, односно од Грција.

Адвокатот Еленко Миланов вчера најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.

За притворот на Вељановски, најпрво ќе мора да заседава Комисијата за деловничко мандатни прашања која треба да одлучува за имунитетот на пратеникот.

ОЈО-ГОКК соопшти дека „наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта“.

„За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, соопшти ОЈО-ГОКК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...